Москва денеска ја погоди силна бура во која едно девојче загина, а десет луѓе се повредени, објави градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин.
„Според потврдени информации, бројот на повредените во ураганот се зголеми на 12. Лекарите, за жал, не можеа да го спасат девојчето кое беше во критична состојба. Искрено сочуство до нивните родители“, напиша Собјанин на Твитер.
Невремето го попречи и авиосообраќајот, седум летови беа откажани, а 28 одложени.
Агенцијата Тасс наведува дека 20 лица се повредени, од кои седум заради сериозноста на повредите се задржани во болница.
https://www.youtube.com/watch?v=roO30lwiV9c&feature=youtu.be









