Бура проследена со силен ветер и екстремно обилен дожд ги потопи денеска патиштата и го оштети далекуводите ширум Хаваи, а официјални лица предупредуваат на можно влошување на состојбата.
Националната метеоролошка служба соопшти дека заради бурата во следните денови се закануваат „катастрофални поплави“.
Гувернерот од Хаваи, Дејвид Иге во соопштението до граѓаните напомена да подготват план за вонредна состојба и да се снабдат со намирници потребни за евакуација, пренесе АП.
На островот Мауи веќе се пријавени прекини на струја и поплави, додека на островот Мајор Мич Рот уште во неделата беше прогласена вонредна состојба.
(Фото: АП)