Интензивни врнежи од дожд проследени со грмежи и електрични празнења ја зафатија територијата на Скопје.
Повеќе улици и булевари низ главниот град се под вода, особено поплавен е булеварот „8 септември“, кај Воена Болница и дел од „Партизански одреди“.
Според синоптичарите и утре ќе се задржи променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси со пообилни врнежи од дожд.
Потоа од петок ќе биде претежно стабилно и потопло, во попладневните часови со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.







