Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Сириски мигранти незаконски држени под клуч
Македонија

Сириски мигранти незаконски држени под клуч

април 7, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Петмина мигранти од Сирија биле противправно задржани, открил тим на Народниот правобранител при посета на прифатниот центар на „Гази Баба“.мигранти, прифатен центар,

„Забележавме противправно задржување на лица во прифатниот центар, без притоа, истите да бидат евидентирани како присутни, без да им бидат издадени документи за задржување, а немало ниту законска постапка во врска со задржувањето“ вели Снежана Теодосиевска Јордановска, координатор за национален превентивен механизам на Народниот правобранител.

Сиријците кои транзитирале низ Македонија до Грција биле затекнати на Железничката станица во Скопје со купени автобуски билети за Гевгелија. Четворица од овие лица, поседувале идентификација за потврда на идентитетот и документи со кои се потврдува нивниот влез од Грција. Според Народиот правобранител, тие лица биле пресретнати од службени лица на МВР и спроведени во прифатниот центар за странци каде биле заклучени во просторија, постапка која ги повредила нивните човекови права.

„Не им било објаснето зошто е преземен таков чекор, како што не им ги кажале нивните права, не им бил обезбеден преведувач, а останале заклучени во просторија каде пристап немал никој од службените лица, без храна“, велат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Според Народниот правобранител, ваквиот начин на постапување на службените лица и управителот на центарот претставува свесно и грубо прекршување на законската регулатива, а истото укажувало дека ова било постојана пракса и не евидентирање на задржани лица во центарот.

„Ние сме загрижени бидејќи управителот и службените лица се обидоа да го прикријат ваквото незаконито работење со создавање на лажни информации. Кога беа запрашани колкав е бројот на мигранти кои што престојуваат во центарот, тие дадоа информација дека има само две лица, а пак овие пет лица воопшто не беа пријавени како присутни“, вели координаторот на националниот превентивен механизам.

Според кажувањата на Теодосиевска, управителот се обидел да го спречи тимот на Народниот правобранител да изврши увид токму во просториите каде лицата биле скриени. Управителот Петар Саревски ја прекршил законската регулатива и постапил спротивно на неговите овластувања упатил, притоа директно му се заканил тимот на НПМ со што им дал до знаење дека во иднина нема да биде дозволен влез во центарот на службените лица од оваа структура на Народниот правобранител.

„Лицата во центарот се задржуваат по основ на утврдување на идентитет, а за такво решение може да издаде само надлежен суд. А пак, до ден денеска, во центарот се задржуваат со решение издадено од страна на МВР. Во случајов, ние извршивме разговор со тие пет лица. Ни кажаа дека биле преместувани од просторија во просторија за да не бидат пронајдени од наша страна. По инсистирањето на правобранителот и по укажување на нивното незаконито работење, управителот со усна наредба ги ослободи овие лица, без притоа воопшто истото да биде писмено документирано. Ова го знаеме бидејќи нашиот тим изврши увид во регистарот на дневни настани“, додава Теодосиевска

Со ваквото постапување на управителот на прифатниот центар „Гази Баба“, го прекршил Законот за странци, велат од Канцеларијата на омбудсманот.

За случувањата во прифатниот центар „Гази Баба“, правобранителот ги известил институциите уште во 2011 година. Единствената позитивна точка, според извршениот мониторинг, е подобрувањето на материјалните услови, иако објектот е наменет за градинка. Во центарот, најмногу лица престојувале во 2015 година.

мигранти Народен правобранител прифатен центар регистратор странци
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување

јуни 8, 2026

Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари

јуни 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.