Сиријските владини сили заедно со сојузниците го заведоа денеска јужниот дисктрикт Тулул ал Сафа од екстремистичката организација Исламска држава, после повеќенеделните судири во кои имаше загинати на двете страни.
Со завземањето на Тулул ал Сафе, планинското подрачје источно од провинцијата Свеида, сиријските трупи сега го контролираат поголемиот дел од југот на земјата, пренесува АП.
Сиријската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон извести дека владините сили го завзеле тоа подрачје во саботата вечерта.







