Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Си Џинпинг најави модернизација на кинеската армија
СВЕТ

Си Џинпинг најави модернизација на кинеската армија

октомври 17, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На Конгресот на Комунистичката партија, кинескиот претседател Си Џинпинг најави промени во структурата, работењето и потенцијалот на најголемата армија во светот.

Кинеската војска во последните десет години брзо ги подобри своите поморски сили и способностите за ракетни напади, се справи со корумпираните офицери, ги подобри командните активности и изгради бази во „поморското срце на Југоисточна Азија“.

На ред се предизвикувачки потези, а тоа се коренита промена во командата на армијата од два милиони луѓе.

Со ова Џинпинг има можност да го зајакне раководството на армијата и да ја модернизира.

Се очекува дека на партискиот конгрес, кој започна на 16 октомври и се одржува на секои пет години, ќе бидат назначи нови офицери кои ќе служат во шестчлената комисија на претседателот, заради тоа што четири члена ќе се пензионираат.

Ќе се пензионираат најверојатно потпретседателите на ова претседателско тело, двајца генерали многу блиски соработници на Џинпинг. И двајцата генерали имаат по 72 години.

Од новите офицери се очекува да ја интегрираат војската, што се смета за клучно за евентуален напад на Тајван. На исто мислење се и некои азиски и западни воени аташеа и аналитичари. Целта е да се исполни повеќегодишното барање на претседателот војската да може да се бори и да победи во војни.

Дипломатските предизвици растат, бидејќи модернизацијата на кинеската армија се соочува со веќе традиционалната американска стратешка доминација во Источна Азија. Експертите веруваат дека комисијата на Џинпинг ќе мора да изгради воена база во странство и да обезбеди пристап до морските пристаништа за својата флота. А, констатирано е и дека ќе мораат да се „позанимаваат“ со надворешниот притисок поради нуклеарното оружје.

Но, процесот на воена модернизација може да биде комплициран од бавниот економски раст.

Најголем недостаток на новите членови на претседателската комисија е што немаат борбено искуство, што не е случај со некои од нивните претходници. Двајцата генерали кои се очекува дека ќе се пензионираат, се последните двајца офицери кои се бореле во граничниот конфликт со Виетнам што следеше по кинеската инвазија во 1979 година и траеше до крајот на 80-тите.

Изборот на нови членови на комисијата ќе открие кои се воените приоритети на кинескиот претседател. Овој избор најверојатно ќе биде избалансиран со унапредување на политички комесари, бидејќи нивна постојана обврска е да обезбедат армијата да и служи на Комунистичката партија, а не на државата.

Комисијата соработува со Постојаниот комитет на Политбирото, а претседателот е на чело на двете тела.

Некои сметаат дека од Постојаниот комитет зависи одлуката дали да се изврши инвазија на Тајван, а не од комисијата.

Она што е најважно за Џинпинг е дека има лојални кадри.

Во Министерството за одбрана на САД (Пентагон) оценуваат дека нуклеарната сила на Кина се развива многу побрзо од очекуваното.

Се претпоставува дека бројот на нуклеарни боеви глави во следните пет години ќе се зголеми на 700, а дека тој број ќе биде 1.000 до 2030 година.

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Си-Ен-Ен)

актуелно Кина Пентагон Си Џинпинг
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.