Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Скратен полициски час и олабавени мерки до вторник
Македонија

Скратен полициски час и олабавени мерки до вторник

мај 14, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Полицискиот час во Македонија од синоќа почна од полноќ и траеше до четири часот изутринава согласно новиот предлог на Комисијата за заразни болести за олабавување на рестриктивните мерки.

Олабавувањето на рестриктивните мерки следи по намалувањето на бројот на новозаболени и хоспитализирани на корона вирус во изминатиот период и намалувањето на притисокот врз болничките капацитети.

Новите мерки, што Владата ги усвои во вторникот на седница, ќе важат до 18 мај.

Од вторникот со продолжено работно време до 23.30 часот работат и угостителските објекти на летните тераси, а со работа почнаа и фитнес клубовите, спортските центри, салите за вежбање и игротеките, но за нив е задолжително почитување на протоколите за работа.

Спортските натпревари и понатаму ќе се одржуваат без физичко присуство на публика.

Како дел од олабавувањето на рестриктивните мерки е и дозволата да се организираат настани и слични јавни активности согласно протоколите за работа, односно до 30 проценти исполнетост на капацитетите во внатрешноста на објектите и до 50 проценти
исполнетост на отворен простор. Засега, останува забраната за свадби и концерти.

Останува и препораката за носење на заштитна маска на отворено. Според министерот за здравство Венко Филипче, се уште е рано да се смени оваа препорака. За ова било разговарано на последниот состанок на Комисијата за заразни болести, но заклучокот бил дека е рано за укинување на оваа препорака.

Согласно новите мерки, сега и на здравствените работници им се дозволува користување на годишен одмор и платени отсуства, но тоа ќе се прави согласно планот на раководителот на установата за да се наруши нормалното и тековно функционирање на системот на работа во здравствените установи.

Во градинките е дозволено зголемување на бројот на згрижени деца најмногу до 15 во воспитните групи до двегодишна возраст и до 20 деца во воспитните групи од 2-6 годишна возраст.

 

 

(Фото: МИА)

актуелно венко филипче вирус ковид корона мерки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.