Фудбалерите на Лајпциг го победија на гостински терен, во Санк Петербург, Зенит со 2:0 во четвртото коло од групата Г, додека во групата Ф, Барселона и Славија од Прага одиграа натпревар без голови.
Лајпциг со поедата над Зенит практично обезбеди пласман во осминафиналето во Лигата на шампиони.
Германската екипа до триумфот во Русија дојде со головите на Диего Деме во 45-та и на Марсело Сабицер во 63 минута.
Лајпциг е прв на табелата во групата Г со девет бодови, пет повеќе од Зенит и Лион кој има натпревар помалку.
Барселона пред своите навивачи не успеа да ја оправда улогата на фаворит против Славија, иако во текот на поголемиот дел од натпреварот беше подобар противник.
Екипата на Ернесто Валверде и покрај иницијативата не успеа да ја затресе мрежата на противникот кому ова му е второ реми во овосезонското издание во Лигата на шампиони.
Барселона е прва на табелата во групата Ф со осум бодови, додека Славија е на последното, четврто место, со само два бода.