Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Словенија ја поддржува Северна Македонија на евроатлантскиот пат
Македонија

Словенија ја поддржува Северна Македонија на евроатлантскиот пат

февруари 10, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателите на Собранието на Република Северна Македонија и на Словенечкиот збор, Талат Џафери и Дејан Жидан, оценија дека односите меѓу двете земји се темелат на искрено пријателство, меѓусебно разбирање, соработка и поддршка на нашиот евроатлантски пат.

-Заеднички се согласивме дека изразената фреквентност на посетите во парламентарната соработка во последниве години на билатерална основа, меѓутоа и во рамки на пратениците и служба претставуваат потврда дека сме силно заинтересирани да соработуваме, користиме искуства, особено од патот што Словенија го помина уште во 2004 година кога стана полноправна членка на ЕУ и НАТО, а тоа се и наши стратешки определби од осамостојувањето на земјата, рече претседателот на Собранието, Џафери.

Toj, како што рече, на само еден ден од ратификацијата на Протоколот за членство на земјата во НАТО во нашето Собрание очекува набрзо тоа да го направи и последната земја членка на овој моќен сојуз.

Претседателот на Собранието посочи дека Словенија е петти најголем инвеститор во земјата и оти треба да ја интензивираме уште повеќе оваа одлична соработка и да се искористи големиот потенцијал во повеќе области како што се економијата, земјоделието, енергетиката, индустријата, животната средина, образованието и други области.

Претседателот на Словенечкиот збор е воодушевен од македонскиот документарен филм „Медена земја“ кој го погодил и решил за оваа посета да носи кравата со пчела.

-Ако Словенија би решавала сигурно би добил два „оскара“, рече Жидан.

Република Северна Македонија и Република Словенија утре ќе потпишат техничка спогодба за соработка во повеќе подрачја, но Жидан ја нагласи спогодбата во делот на образованието и можноста што ќе се отвори со неа за школување на илјада млади луѓе од земјава во Словенија.

актуелно северна македонија словенија џафери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.