Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години

ноември 9, 2026

Трамп очекува Рубио да остане државен секретар

ноември 9, 2026

Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ

ноември 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
  • Нови правила за боледување од 1 декември
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Смок од речиси два метра влегол во бањата на кривопаланчанец
Во Фокусот

Смок од речиси два метра влегол во бањата на кривопаланчанец

август 7, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Летото и летните горештини се период во кој граѓаните треба да бидат особено внимателни при изложување на сонце поради опасноста од топлотен бран, но не ретко, треба да се внимава и на се почестата појава на разни влекачи, пред се змии и домови, кои се населуваат и во урбаните средини.

И не само во урбаните средини,туку и во домови на некои граѓани, за каква што случка ни раскажа Миодраг Миленковски од Крива Паланка.

Неодамна во неговата бања во семејната куќа во населба Црвена нива, во атарот на село Кошари, влегол смок со должина од околу два метри, кој со помош на соседот успеале да го отстранат од домот.

„Беше топло, нешто по пладне, околу 13 часот. Бев на работа, кога ми се јави сопругата, ужасната, исплашена и видно вознемирена, викајќи ме итно да дојдам дома. Побрзав и кога стасав ми покажа на бањата, отворајќи ми ја вратата. И јас се исплашив кога видов, смок, сиво- црн, со жолт труп, стои обвиткан околу водоводната цевка. Не знаејќи што да правам, со еден стап се обидов да го избркам, но тој влезе под кадата. Го повикав соседот Доне Стојановски, бидејќи знам по кажувања од негова страна дека имал искуство со змии и влекачи. Дојде, па заедно ја отстранивме кадата, а смокот повторно се врати на цевката и се обвитка околу неа. Доне храбро, со заштитни ракавици умешно го фати жив смокот со рацете, за глава и опаш, за среќа без да има какви било несакани моменти“, изјави Миленковски.

Вели дека дваесет години живее во куќата, а досега првпат има ваков случај, немал забележано ниту во близина на домот влекачи.

Чичко Доне раскажува дека не му било страв да го улови смокот.

„Не ми беше страв, видов дека е смок, го распознав и дека е мажјак, има позаоблена опашка. Го фатив и го однесов надвор, а тој се качи на едно блиско дрво, па се спушти и исплашено побегна каде што треба да биде, во шумата. Сум имал повеќе ситуации уште од младоста, да бидам во близина на смок змија. Еднаш спасив една млада жена, доилка од женкасмок, морав да ја отепам, а смочицата всушност имаше во себе околу 15 јајца кои најверојатно ќе ги положила и ќе изведеше мали смоци. Другпат при ископ на камен отепав змија“, рече Доне Стојановски.

Смокот успеал да се провре низ дел од дотраената мрежа на прозорецот од бањата и влегол внатре, но за среќа успешно е отстранет.

Но, она што е интересно е случката од следниот ден.

„Утредента повторно се соочивме со непријатност, повторно ме повика сопругата бидејќи, наводно, смокот се вратил. Јас заедно со Доне отидов дома, но не стануваше збор за смокот од претходниот ден, туку за женката – смок, која сигурно според нас, влегла со смокот заедно, можеби се пареле, а таа најверојатно преноќила во нашиот дом под машината за перење алишта каде што ја пронајде сопругата. И неа ја исфрливме од домот жива, бидејќи постојат верувања во народот дека во секоја куќа има или змија, или смок. Се вели- смокот е домаќин и не треба да се тепа, а змијата е штетник“, додаде Миленковски.

Според други верувања, во секоја куќа има змија или смок.

Доколку во домот владее хармонија и мир, таа куќа ја чува смок, а ако во домот има
недоразбирања и кавги, во куќата има змија.

Во секој случај, внимателно при движење во природа, во обраснати предели, но и на улица периодов, во времето на горештини кога влекачите се најраспространети.

бања два метра кривопаланчанец Смок
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години

ноември 9, 2026

УНЕСКО: Расте стапката на неказнивост за убиства на новинари

ноември 2, 2026

Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.