Индиската влада одлучи да предложи смртна казна за луѓето осудени за сулување на девојчиња помлади од 12 години, како би се спротивставила на порастот на кривични дела над женски лица.
Новинската агенција ПТИ јавува дека владиниот предлог бил упатен до претседателот за одобрување, а за да стане закон, потребно е да го одобри парламентот во рок од шест месеци.
Одлуката на индиската влада следи откако неодамнешното брутално силување и убиство на осумгодишно девојче во државата Џаму-Кашмир.
Над 1.000 огорчени луѓе упаднаа во полициската станица во градот Теза во индиската покраина Аруначал Прадеш и од таму извлекоа двајца осомничени за силување и убиство на петгодишно девојче, и ги линчувала на лице место.
Дополнителен притисок на владата за ваков чекор е и силувањето на девојче, за кое е обвинет пратеник од владеачката партија во индиската држава Утар Прадеш, наведува АП
Протестите ширум земјата после групно силување во 2012 година во Њу Делхи и случаите на убиство ја поттикнаа владата двојно да ги зголеми затворските казни за силувачите, од 10 на 20 години, напоменува американската агенција.








