Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Собранието едногласно го усвои Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор
Македонија

Собранието едногласно го усвои Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор

февруари 11, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Собранието на Република Северна Македонија со 114 гласа „за“ го усвои Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.

Законот е со одложено дејство и ќе стапи во сила откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за нашето членство во НАТО.

Претходно, претседателот на Собранието Талат Џафери во својот говор истакна дека нашиот пат кон НАТО, гледан низ призмата на изминатите три децении, не беше ниту малку лесен и беше испреплетен со многу турбулентни моменти. Го честита скорото зачленување во НАТО, потенцирајќи на заложбите што низ годините ги дале владите,
парламентите, но и граѓаните со својата континуирана поддршка за членството во НАТО.

Започна во 1993 година, кога тогашното Собрание ја донесе „Одлуката за стапување во членство во Северноатлантската договорна организација – НАТО“, со што недвосмислено и одлучно, пратениците како претставници на народот, ја искажаа својата решителност за членство во НАТО Алијансата, и го трасираа патот на тукушто осамостоената држава, рече Џафери.

Потсети дека низ годините што следеа, Собранието донело четири декларации за поддршка и реафирмирање на интеграцијата на земјата во НАТО, со што повеќе собраниски состави покажаа доблест, решителност и висока државничка свест за позиционирање на државата во значајни, трајни и високо вреднувани меѓународни организации како што е НАТО Алијансата.

-И покрај нашиот неуспех тоа да го постигнеме на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, со добивањето условена покана за членство во Алијансата, иако разочарани, не бевме поколебани да продолжиме со остварувањето на нашата стратешка цел. Напротив, Собранието, Владата, Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и сите други државни институции, продолжија многу трудољубиво и со многу голем ентузијазам, посветено да работат на реформската агенда поставена од НАТО, рече претседателот на Собранието.

Евидентен пример за оваа дводецениска макотрпна работа, според него, се годишните национални планови и сојузништвото во мировните мисии на НАТО ширум светот, рамо до рамо со високо обучените и технолошки најразвиените армии на Алијансата, за што до ден денес нашите војници добиваат највисоки оценки за покажаната борбеност, подготвеност и дисциплинираност.

-Со ова, ние постигнавме win-win ситуација – ја подготвивме Армијата и државата според НАТО стандардите и ги исполнивме НАТО критериумите за членство, рече Џафери.

Паралелно со процесите на владино ниво, потенцира првиот парламентарец, Собранието активно и координирано делува повеќе од 20 години и во парламентарната димензија на НАТО, преку нашите асоцијативни делегации во Парламентарното собрание на НАТО, како активен и ценет партнер во ова Собрание.

Самото споменување на седумте Рос-Рот семинари што сме ги организирале во Република Северна Македонија и заедничката соработка во многу други активности со ПС на НАТО, доволно зборува за нашата иницијативност и подготвеност да одговориме на својата улога во ова меѓународно собрание како респектабилен партнер кој ги вреднува и промовира трајните и заеднички вредности на целата Северноатлантска Алијанса.

Искажа, како што кажа, особена гордост за работата на актуелното Собрание, за покажаната свест, државнички капацитет и грижа за иднината на нашите генерации, што успеа, надминувајќи ги сите сензитивни моменти, да го зацврсти столбот на нашата меѓународна позициoнираност – да не бидеме повеќе пред вратите на НАТО, туку заедно со нашите партнери, сите 29 земји-членки, на рамноправна основа
да делуваме во рамките на Алијансата. Ги поздрави и упати, како што кажа, искрена почит и на сите досегашни парламентарни состави, на сите досегашни влади, на сите досегашни претседатели на државата, сите кои несебично, посветено и со ентузијазам го исполнуваа својот дел од задачата.

-Но најмногу од се, искрено сакам да изразам особена почит кон граѓаните на Република Северна Македонија, што во изминатите речиси три децении на нашата самостојност, непоколебливо покажуваа висок процент на поддршка на патот на нашата држава кон НАТО Алијансата.

Наскоро, сите овие напори ќе добијат своја достојна валоризација и гордо ќе можеме да кажеме – Ние сме НАТО, рече Џафери.

Претходно обраќања на свечената седница имаа претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Оливер Спасовски, координаторите на пратеничките партии и пратеници.

актуелно закон изгласан НАТО ратификација собрание
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.