Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи петтата седница на која точка на дневен ред е изборот на заменици-министри на Владата.
Оваа точка по барање на пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДМПНЕ беше поместена како последна на дневниот ред на седницата со цел пратениците да имаат повеќе време да се подготват за дебата.
Пред да расправаат за изборот на заменици-министри, пратениците во македонското Собрание ќе ги разгледуваат годишните извештаи на неколку институции, а ќе дебатираат и за граѓанската иницијатива за донесување за закон за изменување на Законот за работи односи со која се бара продолжување на породилното отсуство.







