Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Советот на Народната банка ја утврди програмата за работа за 2021 година
Економија

Советот на Народната банка ја утврди програмата за работа за 2021 година

декември 18, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Советот на Народната банка денеска на седница ја донесе Програмата за работа на централната банка за 2021 година, во којашто се вградени програмски активности преку коишто се придонесува за остварување на стратегиските цели од Стратегискиот план за периодот 2020-2022 година, соопштија од Народната банка.

Програмата за работа на Народната банка за 2021 година , како што посочуваат, предвидува програмски активности коишто овозможуваат понатамошно унапредување на целокупната аналитичка инфраструктура на процесот на одлучување и за активен пристап за одговарање на предизвиците во домашната економија. Оттаму, предвидени се повеќе аналитички и истражувачки активности, коишто се значајна поддршка при носењето одлуки поврзани со монетарната политика, одржувањето на финансиската стабилност и супервизијата на банкарскиот систем.

-Препознавајќи го значењето на финансиската едукација и финансиската инклузија за поголемо ползување на предностите на финансиските услуги, но и за соодветно управување со ризиците, во Програмата на Народната банка и за 2021 година се предвидени повеќе проекти во оваа област. Во овој контекст, активно ќе се работи на изготвување Стратегија за примена на новите финансиски технологии, а ќе продолжат и активностите за заокружување на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија и за почнување со нејзиното спроведување. Покрај редовните активности, Програмата за работа Народната банка предвидува позначајни проекти со коишто ќе се овозможи зголемување на финансиската едукација на населението заради подобро разбирање и користење на различните финансиски инструменти, подигнување на свесноста за финансиски систем, стои во соопштението.

Со донесувањето на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, ќе започне и спроведувањето проекти за измени или донесување соодветна подзаконска регулатива во доменот на платежните услуги и платните системи. Се очекува дека со новата правна рамка во платежната сфера, којашто ќе биде во значителен обем усогласена со онаа на Европската Унија, ќе се засилат конкуренцијата и иновативноста преку отворање на пазарот за нови даватели на платежни услуги и оператори на платни системи, а особено за оние од финтек-секторот, понатаму ќе се зголеми транспарентноста во давањето платежни услуги и ќе се засили заштитата на потрошувачите.

Народната банка, како што наведуваат, и во Програмата за 2021 година предвидува проектни активности во сегментот на унапредување на процесот на компилација и дисеминација на статистичките податоци. -Веродостојните и квалитетните статистички податоци се клучни при носењето на економските одлуки, поради што се предвидуваат повеќе проекти со коишто се проширува портфолиото на расположливи статистички податоци. Воедно, ќе продолжат активностите за поедноставување на процесот на прибирање на статистичките податоци и формирање можности за градење податочен склад со што ќе се унапреди ефикасноста при нивното користење. Со предвидените проекти во областа на статистиката се овозможува понатамошно приближување кон највисоките меѓународни статистички стандарди, стои во соопштението.

И за 2021 година, Народната банка предвидува организирање настани коишто ќе овозможат размена на искуства и дискусии на теми коишто го засегаат централнобанкарското работење. За таа цел, се предвидува да се продолжи со редовно организирање на годишната истражувачка конференција, како платформа каде што истражувачите од централните банки и академската заедница водат дискусија заснована врз истражувања и совети што се релевантни за централнобанкарското работење и за носителите на политиките во регионот. Исто така, се предвидува организирање и на 13-тата годишна конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура, заради зајакнување на капацитетите на давателите на платежни услуги и операторите на платните системи преку информирање за новините во областа на платежните услуги на глобално и европско ниво.

Дел од активностите на Народната банка наредната година ќе се насочат и кон натамошно унапредување на транспарентноста, општествената одговорност и корпоративното управување.

Советот на Народната банка го разгледа и Извештајот за учеството, препораките и активностите на Народната банка во процесите на евроинтеграција во периодот септември 2019 – октомври 2020 година, како заокружен временски циклус во процесите на евроинтеграција. Извештајот дава осврт на вклученоста и придонесот на Народната банка во сите процеси и национални стратегиски документи за интеграција кон ЕУ, преку преземање активности во однос на усогласувањето на своето работење со европските стандарди, во рамките на подрачјата коишто ги покрива, информираат од централната банка.

2021 Народна банка програма Работа Совет утврдување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Пет нови лета до Виена, Краков, Вроцлав, но и до Сицилија и Сардинија

мај 21, 2026

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“:„’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

мај 14, 2026

Потрошувачката на бензини пораснала за над 8 проценти, дизелот и натаму најкористено гориво во земјава

мај 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.