Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Советот на Општина Охрид донесе одлука за времен мораториум на градење и донесување урбанистички планови
Локално

Советот на Општина Охрид донесе одлука за времен мораториум на градење и донесување урбанистички планови

август 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Советот на Општина Охрид денеска на седница ја усвои предлог-одлуката за мораториум на градење и донесување урбанистички планови, како и легализација на објекти до донесување на Планот за управување со светскиот природно и културно
наследство на Охридскиот регион, или најдоцна до 1 февруари идната година.

Со оваа одлука практично се усвојуваат препораките што ги донесе Владата на 146-тта седница од 23 минатиот месец, препораките на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески ја поздрави одлуката на советниците да се подржат активностите во насока на зачувување на заштитениот статус на градот под УНЕСКО.

„После завршувањето на 143-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО секојдневно работиме на исполнување на дадените владини задолженија, со цел Охридскиот регион да не биде впишан на листата загрозени светски наследства. Изготвивме акциски план во кој се опфатени сите чекори, постапки, активности за наредниот период, што се однесуваат на исполнување на препоракиете на Комитетот на УНЕСКО, а се во надлежност на Општината“, рече Георгиески, истакнувајќи дека за
деталите на планот јавноста биде запознаена дополнително.

Тој нагласи дека со усвојувањето на Предлог-одлуката за времен прекин на донесување и спроведување урбанистички планови и постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, започнува реализациј а на активностите на Акцискиот план.

„Тоа значи дека од денеска се воведува времен прекин на спроведување и донесување урбанистички планови, урбанистичко –плански документации на проекти на територијата на општината. Исто така времено се прекинуваат сите нови постапки за предмети кои се однесуваат на издавање одобренија за градење, за надградба и доградба после стапување во сила на оваа одлука. Сите постапки со добиено
правосилно одобрение на градење можат да продолжат со реализација“, рече Георгиески.

Градоначалникот ја искористи можноста пред медиумите да нагласи дека политичката волја и посветеноста да се постапува по насоките на стручните тела на УНЕСКО е значаен исчекор споредено со претходните власти.

„Остануваме отворени за соработка со сите политички општествени чинители во државата. Во целокупниот процес очекуваме поддршка од граѓаните, интерес за соработка на експертската јавност, граѓанскиот сектор, невладините организации и медумите. Убеден сум дека низ заеднички заложби ќе постигнеме значаен напредок во исолнување на сите препораки и поти Охрид ќе продолжи да биде град на УНЕСКО со кој сите ќе се гордееме“, рече Георгиески кој одби да одговара на прашања на медиумите.

Опозицијата во Советот најави дека ќе ги поддржи сите работи, активности што е во интерес на градот, граѓаните и заштитениот статус во УНЕСКО.

Кирил Пецаков, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ со Советот на Општината, рече дека реалноста налага градот нешто под итно да стори за зачувување на брендот што го носи статусот во УНЕСКО.

„На оваа тема требаше досега да расправаме најмалку десетпати, отаму што препораките на УНЕСКО се повторуваат години наназад. Охрид време е да ги испочитува препораките, но и да се продлабочи соработката со УНЕСКО за носење подобри решенија во урбанистичкиот развој на градот“, рече Пецаков изразувајќи надеж дека ќе почне да се спречи урбаната деградација отпочната, како што рече, некаде во 2005 година.

актуелно времен мораториум градење одлука Општина Охрид Совет урбанистички планови
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.