Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Сонот на Хамлет“ – Шекспир во скајп-комуникација
Театар

„Сонот на Хамлет“ – Шекспир во скајп-комуникација

јуни 26, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Петтата вечер на петтото издание на Битола Шекспир фестивал, во неделата, на 25. јуни, со претставата „Сонот на Хамлет“, донесе пријатно изненадување и за „најиздржливите“ за доживување на монодрамите.

Младиот актер, Александар Аладишев од Академскиот драмски театар од градот Владимир, во Русија, мошне автентично и уверливо покажа како би функционирал, всушност како би сонувал, ликот на Шекспир, Хамлет во 21. век, во една алтернативна театарска реалност.

Претставата „Сонот на Хамлет“, во изведба на Аладишев, може да се доживее и како  современа „авторецензија“ на самиот лик, Хамлет, за сето она што му се случува во драмата на Шекспир.

Во амбиент на модерна и минималистичка сценографија, каде доминираат една маса со микрофони, лаптоп и видео-бим, Александар Аладишев како модерно-алтернативен принц Хамлет, во шеесетината минути од претставата „комуницира“ со сите ликови од класичната драма на Шекспир – преку скајп.

Сите големи реплики и дијалози се разменуваат како видеопораки, скајп-дописи, а „алтернативниот“ Хамлет, сепак е сам на сцената и сепак тоа е монодрама, во која Аладишев сугестивно, како да е вистина, ги преживува и доживува сите емоционални дилеми и прекрушвања на класичниот лик, па и она неодминливо хамплетовско прашање – „да се биде, или не“.

„’Сонот на Хамлет’ е меѓународен проект. Тоа е пиеса на германски драматург од руско потекло – Нина Мазур. Таа е театарски критичар и куратор и организатор на многу театарски фестивали. Кога во мојот театар во Владимир (град во близина на Москва) размислувавме за некаква монодрама, Нина му ја предложила оваа пиеса на директорот на театарот, Борис Гунин. Режисерот на претставата е Литванец – Линас Мариус Заикаускас“, во куси црти ја кажува Аладишев „биографијата“ на проектот.

Пиеста во драматургија на Нина Мазур, всушност зборува за настаните што следуваат по смртта на Хамлет. Тоа претстава за состојбата на  вечен сон, во кој Хамлет повторно ги преживува сите настани од драмата на Шекспир. Тој повторно ги доживува сите тие емоции, сите настани, но сепак – не може ништо да измени.

„Сонот на Хамлет“ донесува на сцената приказ за тоа како тој се однесува кон сето она што му се случило во драмата на Шекспир, неговите размисли… и прашањето – дали било можно нешто поинаку да се направи. За сето време, додека трае сонот, единствена негова желба е сето тоа што побргу да се заврши.

Премиерата на „Сонот на Хамлет“ била изведена во март, годинава. Со оваа претстава, Александар Аладишев и неговата екипа веќе гостувале на театарски фестивал во Кипар, а на Битола Шекспир фестивал го имаше вториот меѓународен настап.

„Благодарни сме за можноста да настапиме на овој меѓународен фестивал и како еден провинцијален театар од Русија да го покажемд она што го работиме, надвор од границите на наша земја. Тоа е прекрасна културна размена… Во Битола уште еднаш се уверив дека театарот има свој, универзален јазик и понекогаш и не е важно на кој јазик се зборува. Иако јазикот не е најуниверзален инструмент, театарот, сепак, нуди универзално доживување “, изјави Александар Аладишев во Битола.

 

(Ј.П.)                                                                                                                        

актуелно битола пиеса скајп театар Хамлет Шекспир
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.