Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во крајните североисточни делови облачно со слаб снег. Попладне претежно сончево. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и во источните делови.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.
Во Скопје сончево, претпладне со мала облачност. Ќе дува засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 6 степени.
Во среда и четврток времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури.
Во петок се очекува влажен бран со врнежи од снег.