Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СОСТАНОК НА ВРВОТ: Во Берлин ќе се преговара за нова унија внатре во ЕУ, на маса е и голем европски одбранбен проект
Европа

СОСТАНОК НА ВРВОТ: Во Берлин ќе се преговара за нова унија внатре во ЕУ, на маса е и голем европски одбранбен проект

мај 29, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Францускиот претседател, Емануел Макрон, вчеравечер пристигна во Берлин во државна посета. Посетата требаше да се случи минатата година, но беше одложена поради протестите што блокираа бројни француски градови.

Но, малку недостасуваше тој повторно да ја одложи средбата со неговиот германски колега Франк Валтер Штајнмаер. Во Германија дојде од Нова Каледонија каде што (барем засега) го изгасна огнот на протести, едноставно, ја одложи примената на законот против кој протестираа локалните Канаци.

Ова е прва државна посета на францускиот претседател на Германија после 24 години, што само по себе е одредена порака.

Затоа, за време на свечената вечера со германскиот домаќин, тој рече дека двете земји имаат однос како „амбициозна двојка“, отфрлајќи го постоењето на какви било проблеми во односите.

Домаќинот продолжи во ист таков тон, со тврдење дека посетата на Макрон е „доказ за длабочината на француско-германското пријателство“.

Сепак, беше покритичен, предупредувајќи дека понекогаш се појавуваат разлики, но на крајот двете страни сепак доаѓаат до договор. Што и не е сосема точно кога ќе се потсетиме, на пример, колку Париз се противеше на купувањето оружје на неевропските пазари, што Берлин го бараше, за конечно Чешка да пресече и да започне со набавката, што беше од пресудна помош за Украина.

Сепак, државната посета има за цел да ги покаже добрите, прогресивни односи со просперитетна иднина.

Главните области на разговорот меѓу Макрон и германскиот канцелар, Олаф Шолц, клучниот соговорник, беа конкурентноста, безбедноста, одбраната и демократијата.

„Јакнењето на нашата глобална конкурентност и зголемувањето на отпорноста со постигнувањето успех на Зелениот план и дигиталната транзиција е во срцето на одговорот на тие предизвици. За таа цел, Франција и Германија денес предлагаат нов поттик за конкурентност за следниот мандат на ЕУ“, велат тие во текстот што го објавија во „Финансиал Тајмс“.

Планот го подготвиле францускиот министерот за финансии, Бруно Ле Мер, и министерот за економија на Германија, Роберт Хабек, кои минатиот четврток објавија „Заедничка иницијатива за поголем раст во Европа“ која повикува Европската унија „амбициозно да ги елиминира непотребните административни оптоварувања“ и „енергично да ги реформира, поедностави и забрза административните процедури“, особено кога станува збор за ЕУ фондовите.

Макрон и Шолц пишуваат дека ќе поддржат „амбициозна, силна, отворена и одржлива европска трговска политика која ќе допушти праведни трговски договори и ќе ги промовира интересите на ЕУ, ќе создава можности за заеднички пристап до пазарот и јасни еднакви услови за сите кога се работи за нашите трговски партнери“.

Ова би требало да покаже дека тие ги намалуваат разликите кога станува збор за политиката кон Кина и дека се подготвуваат за САД доколку Доналд Трамп дојде на власт.

„За да ги мобилизираме потребните вложувања, мораме сериозно да пристапиме кон вистински интегриран европски финансиски пазар и со унија на пазар на капитал во средиштето, решавање на проблемот со фрагментацијата и обезбедувајќи глобална конкурентност на европскиот финансиски сектор“, наведуваат тие.

Ова е важен момент, затоа што прашањето за унијата на пазарот на капитал е сè уште отворено, бидејќи многу помали членки стравуваат дека таквиот систем ќе им донесе голема штета.

Министерот Ле Мер, после еден од низата неуспешни договори за таа тема, најави дека ќе предложи дел од земјите, меѓу кои е и Германија, кои сакаат да основаат унија на пазарот на капитал за европските компании да не одат по пари во САД, што поскоро да тргнат во формирањето, а останатите нека се приклучат кога ќе видат дека се во загуба. Вака почна и Европската монетарна унија, чии членки се уште не се, на пример, Полска, Чешка и Унгарија.

Заедничката европска противвоздушна одбрана, подрачјето на кое Франција и Германија градеа одвоени системи, при што првата се базираше на сопствената индустрија, а втората користеше и неевропски, треба да биде договорена што би покажало единството на ЕУ во моментот на руската закана. Членките на ЕУ се приклонуваа кон едната или другата опција, што се закануваше по функционалноста на одбраната.

Фондацијата за наука и политика (Stiftung Wissenschaft und Politik), тинк-тенк организација на чие мислење се потпира германската влада при донесување на своите одлуки, во анализа на односите предупредува дека е потребно „да преовладее сегашната и потенцијална иднина и персонализација на односите“.

Ова е, пред се, порака до Макрон, кој француската политика ја стави под посилна контрола, многу повеќе отколку што предвидува полупретседателскиот систем, додека германскиот систем се уште е свртен кон поголема независност на министрите, што го отежнува разговорите на пониските нивоа. Потсетување е ова и на ерата кога канцелар беше Ангела Меркел. Несомнено е дека на Шолц не може да му се приговори на персонализирање на односите, а на министерката за надворешни работи, Аналена Баербок (од Зелената партија), – да.

Самитот на двете најсилни европски држави, и економски и политички, повеќе од се е важен за ЕУ.

 

Точки на несогласување :

Безбедноста на ЕУ

Руската агресија врз Украина ја потврди дихотомијата на ставовите за безбедноста на Унијата. Макрон прво доживеа бродолом од повиците да не се понижува на Русија, а потоа ја смени политиката па побара Русија да не смее да победи. Во оваа промена, видлива е неговата желба Франција да преземе водечка улога во одбраната на ЕУ, која би требала да биде автономија, повикувајќи се на својата нуклеарна моќ. Германија смета дека НАТО треба да остане клучен гарант за европската безбедност, што подразбира дека САД остануваат важен фактор во што важна улога игра и американското нуклеарно оружје распоредено во германските бази, иако се согласува со потребата од јакнење на европскиот одбранбен столб во комплементарност со Алијанса. Берлин е поддржан од мнозинството од ЕУ.

Финансирање на ЕУ

Макрон, во говорот во Дрезден, на германски јазик, предложи удвојување на буџетот на ЕУ заради поттикнување на инвестициите во европската индустрија, вештачката интелигенција и зелените проекти. Уште една негова идеја без реална основа во односот на другите членови кои се прашуваат од каде да се најдат средства за да се зголеми буџетот. Макрон, очекувано, ја повтори идејата за заедничко задолжување на ЕУ, што за Берлин претставува црвена крпа: министерот за финансии, Кристијан Линднер, тоа категорично го отфрла. Канцеларот Шолц не може да го присили затоа што од Линднер зависи опстанокот на коалицијата. Аналитичката компанија „Стратфор“ е со мислење дека овој судир „останува пречка за ефективното француско-германско настојување да ја обликуваат индустриската стратегија на ЕУ во догледна иднина“.

Кина и ЕУ

Макрон заговара европска автономија за да се заштити од кинеската конкуренција, додека Шолц се обидува да го задржи пристапот до кинеските пазари. Берлин не е среќен ниту од истрагите за државните субвенции на кинеските компании кои се појавуваат на европскиот пазар. Париз е поблиску до Вашингтон отколку Берлин, ставајќи ги своите политики под закрила на идејата за јакнење на европската отпорност и суверенитетот. Германија сè уште смета дека пристапот на нејзината автомобилска индустрија до кинескиот пазар е важен и за ЕУ, додека Париз ја поддржува идејата за увозни даноци на кинеските електрични автомобили заради заштита на европската индустрија. Германија стравува од кинеска одмазда, што би и наштетило на автомобилската индустрија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Ина Фасбендер / АФП)

актуелно безбедност берлин буџет германија Париз унија Франција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.