Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Сојуз на средношколци: Дигитализацијата не смее да биде единствено решение
Македонија

Сојуз на средношколци: Дигитализацијата не смее да биде единствено решение

април 26, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Дигитализацијата во образованието е чекор во добар правец, но не смее да биде единствено решение, порача Средношколскиот сојуз, кој денеска изнесе свој став за најавата на ресорното министетство за воведување дигитални учебници од четврто
одделение од учебната 2021/2022 година. Утре ставот ќе го изнесе и на состанок со работната група што го креира овој концепт.

Претседателот на Сојузот, Бленди Ходаи, рече дека образовниот систем мора да ги почитува индивидуалните желби и преференции на секој ученик, зашто секој има различен начин на учење – некои преферираат од учебник, а други од дигитални уреди.

„Според нашите информации, нема ниту една земја која целосно користи дигитални учебници во наставата. Сојузот смета дека дигитализацијата во образованието е чекор во добар правец, но не смее дигиталното да биде единствено решение. Моделот мора да биде сензитивен за различностите. Ако сакаме да имаме целосно дигитални учебници, тогаш учениците и наставниот кадар мора да стекнат дигитални вештини т.е. дигитална писменост. Не може нешто да биде обврзувачко за граѓаните, а тие ги немаат средствата за да го исполнат барањето. Ние сме земја со слаба дигитална мрежа, а тоа го покажа и фијаското на наставата на далечина. Апелираме, доколку се воведат дигитални учебници, нивниот софтвер да биде поквалитетен и да не падне на првот ден како што беше со националната платформа schools.mk“, изјави Ходаи.

Според Сојузот, за печатење на учебниците не смее да бидат обврзани училиштата зашто тие немаат соодветни ресурси, некои немаат ниту печатач, туку тоа да биде централизирано и да го спроведува МОН.

Печатените учебници, велат, треба да бидат „вистински книги со корици, а не скрипти“. Добра алтернатива било и прикачување на учебниците во ПДФ-формат, но тоа да не биде правило.

Ходаи смета дека добар модел што би можеле да го преземеме има Белгија, каде што ученикот може да избере дали сака да учи од печатени или од дигитални учебници. Се согласува дека добар модел има и Естонија, кој како пример го посочува и министерката Мила Царовска, но напомена дека таму им се даваат ИТ-уреди на учениците за секој да има пристап до дигиталните учебници.

„Ние не можеме тоа да го направиме зашто 40.000 ученици немаат интернет-пристап или уреди, а осум илјади од нив се во средно образование“, додаде лидерот на средношколците.

Во однос на изјавата на министерката дека училиштето не е повеќе интересно за учениците, Ходаи со коментар дека училиштата секогаш ќе бидат интересни за учениците, но нема да биде интересно, како што рече, „да се одлучува за нив без да бидат прашани и консултирани“.

„Оваа изјава колку и да звучи логично, заклучокот на министерката не е само паушален, туку може да биде и опасен“, смета Ходаи и додаде дека учениците во септември 2020-та во речиси сите градови во земјава протестирале за да се вратат во училиште на комбиниран модел на настава. Со тоа, рече, покажале дека училиштата
за нив не се само објекти, туку се важни за едукација, но и за социјализација и интеракција меѓу учениците.

На прашањето дали Сојузот ја поддржува онлајн-петицијата против дигитализацијата, Ходаи истакна дека проблемите не се решаваат на Фејсбук, а тоа го искусиле со барањата што ги имаа за државната матура, за кои договорот го постигнаа со преговори.

„Треба да бидеме активни, да даваме конктретни предлози како и што треба да се направи за дигитализација на учебниците. Само со пишување статуси на Фејсбук не се решаваат проблемите. Ние утре ќе имаме состанок со работната група што го креира овој концеот за дигитализација на учебниците и конструктивно ќе дискутираме за нашите барања“, додаде претставникот на средношколците.

Во врска со државната матура, одговори дека процесот почнува да се одвива онака како што барале и дека обврските за интерните испити ги спроведуваат и оние училишта што тоа го избегнуваа, откако Сојузот минатата недела реагираше со допис до Владата и МОН дека не се почитува договорот постигнат во февруари.

алтернатива книги сојуз средношколци учебници
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Средба на Муцунски со Петрова во Софија

октомври 8, 2026

Петрова пред средбата со Муцунски: Коридорот 8 мора да се заврши, а не да остане збир од одделни проекти

октомври 8, 2026

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да го повика Филипче на информативен разговор за скандалот во МО во времето на Петровска

октомври 7, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.