Полициски службеници на Граничен премин Табановце извршиле контрола на еден автобус и комби кои вршеле меѓународен превоз на патници, при што се утврдени неправилности.
„При контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Б.(57 од с.Визбегово, скопско и комби со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(23) од струмичко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација“, информираат од МВР.
Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции.
МИА







