Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски и Богданоски потпишаа Меморандум за соработка меѓу МВР и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“
Македонија

Спасовски и Богданоски потпишаа Меморандум за соработка меѓу МВР и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

август 1, 2023Updated:август 1, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со деканот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, проф. д-р Митко Богданоски, потпишаа Меморандум за соработка како потврда на заедничките заложби и интерес за унапредување на соработката во областа на безбедноста и форензиката.

Меморандумот е плод на потребата за посуштинска заедничка соработка чиј главен фокус е зајакнување на соработката за работи од заеднички интерес базирани на искористување на научно – стручните, професионалните, материјално – техничките и просторните услови насочени кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности, преку кои ќе се реализираат целите од заеднички интерес.

„Соработката ќе се базира на заедничка работа за потребите на изработка на дипломски, магистерски и докторски трудови за лица вработени во Министерството за внатрешни работи и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје, формирање експертски тимови за изработка на научно – истражувачки и апликативни проекти, организирање и спроведување апликативни проекти и размена на информации, како и стручна, научна и техничка поддршка во изготвување експертски анализи согласно взаемните потреби.

За нас е важно што потпишуваме ваков Меморандум затоа што нашиот Оддел за криминалистичко-технички испитувања и вештачења го подигнавме на повисоко ниво, како Оддел за форензички испитувања со нова зграда, нов проект и за многу скоро време зградата ќе ја ставиме во функција и практично ќе ги исполниме сите услови кои значат добивање на многу сертификати кои ќе ни помогнат за понатамошното работење“, потенцираше министерот Спасовски, надополнувајќи дека МВР со сите високо-образовни институции направи исчекори во соработката во насока да се спојат науката и практиката.

Од страна на деканот, Богданоски беше посочено дека  на овој начин ќе се официјализира и издигне на повисоко ниво соработката меѓу Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и МВР. „Потпишувањето на Меморандумот овозможува официјализирање и поедноставување на соработката во повеќе области од заеднички интерес, а посебно во делот на форензиката и сајбер безбедноста. Воената академија ги става на располагање своите образовни, научно-истражувачки и апликативни капацитети кои се од интерес на МВР и на државата.

Со воспоставување на оваа соработка исто така се очекува збогатување на различните форми на образование преку стручната поддршка од експерти од практика од МВР.

Двете институции согледаа можност за работа на заеднички проекти, како и практична соработка во делот на форензички анализи и испитувања, како и справување со закани во сајбер просторот“, истакна Богданоски.

Министерот Спасовски изрази уверување дека овој Меморандум ќе придонесе за зголемување на меѓусебната соработка, а со тоа и ефикасно спроведување на надлежностите утврдени со закон, што пак ќе преставува одлична основа за поголеми резултати во повеќе области  од взаемен интерес.

актуелно воена академија меморандум Спасовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.