Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски: „Отворен Кабинет” стартуваше во СВР Штип, идеите на граѓаните ни се важни
Македонија

Спасовски: „Отворен Кабинет” стартуваше во СВР Штип, идеите на граѓаните ни се важни

јуни 5, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денеска (05.06.2023) во СВР Штип стартуваше новиот проект на Министерството за внатрешни работи – „Отворен Кабинет” на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Преку серија на посети во кои ќе бидат опфатени сите Сектори за внатрешни работи низ државата, со прием на странки од страна на министерот Спасовски, a во рамки на веќе утврдениот концепт „МВР за ГРАЃАНИТЕ“, намерата е на непосреден начин да бидат слушнати предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, нивните идеи и предлози за подобрување на безбедноста во заедницата во која живеат.

„Целта е да се слушне мислењето на секој еден граѓанин како полицијата да придонесе за поголемо спокојство на секој поединец, бидејќи ние сме тука токму за граѓаните, но и да се запознаам со реализираните активности од почетокот на годината досега, како и со постигнатите резултати. На тој начин, да направиме еден сублимат на сѐ што е постигнато, но и да ги зацртаме целите за следниот период”, истакна министерот Спасовски во изјава за медиумите на денешниот, воедно и прв „Отворен Кабинет”, кој започна во СВР Штип, а каде што утрово министерот Спасовски оствари средба со раководството на овој сектор и беше запознаен со безбедносната состојба на подрачјето на СВР Штип, состојбите со криминалитетот, како и активностите кои ги презема СВР Штип во насока на намалување на стапката на криминалитет во приоритетните области, одржување на поволен јавен ред и мир, безбеден патен сообраќај и превенција, со единствена цел – подигнување на безбедноста во градот и заштита на граѓаните.

„Согласно презентираните показатели, безбедносната состојба на подрачјето во надлежност на СВР Штип е поволна и на задоволително ниво, што е особено важно за граѓаните од овој дел, но и во рамки на генералната безбедносна оценка за државата. Вкупниот криминал на подрачјето на СВР Штип во изминатите пет месеци од 2023 година, споредбено со истиот период претходната година, бележи намалување за 18%, додека процентот на расчистени кривични дела изнесува високи 69%. Во делот на тешките кражби и кражбите, кои се еден од приоритетите на СВР Штип во текот на 2023 година, бележиме намалување на овој вид пријавени кривични дела за 20%, споредбено со истиот период лани. Од преземените мерки од областа на недозволената трговија со дрога од страна на СВР Штип во текот на 2023 година сузбиена е организирана криминална група која вршела препродажба на наркотични дроги марихуана, кокаин и амфетамини на подрачјето на Штип, Кочани, Виница и Берово. Во акцијата беа извршени 8 претреси и тоа на подрачјето на Кочани, при што се запленети околу 10 килограми марихуана и други предмети поврзани со продажба на дрога. 7 лица, меѓу кои и полициски службеник, се лишени од слобода, на дел им е одредена мерка притвор и поднесени се соодветни кривични пријави.

Во намалувањето на имотните деликти голем придонес имаат и превентивните активности за што од страна на СВР Штип во првите пет месеци во текот на 2023 година реализирани се 904 настани за превенција”, рече министерот Спасовски, со уверување дека вработените во СВР Штип и во наредниот период ќе продолжат со зголемена динамика при реализацијата на превентивните активности, но и на репресивните мерки, а средбите со граѓаните во рамки на проектот „Отворен Кабинет“ ќе бидат мотив повеќе за уште подобри резултати и силно продолжување на концептот „МВР за ГРАЃАНИТЕ“.

 

актуелно граѓани идеи отворен кабинет Спасовски штип
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.