Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски: „Приоритет ни е Поглавјето 24 – правдата, слободата, безбедноста…“
Македонија

Спасовски: „Приоритет ни е Поглавјето 24 – правдата, слободата, безбедноста…“

октомври 31, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Постои институционална и политичка решителност и подготвеност за интензивен и стручен ангажман во усогласување на легислативата со европското законодавство“, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во денешното обраќање на панел дискусијата на тема „Хармонизација на законодавството во Република Северна Македонија со европските стандарди и регулативи од Министерството за внатрешни работи“, организирана од Студентското собрание и асоцијација на Универзитетот на југоисточна Европа.

„Кога говориме за усогласувањето на домашните закони и подзаконски акти со оние на Европската Унија, конкретно во доменот на функционирање на Министерството за внатрешни работи, тогаш можеби попрецизно е да кажеме дека станува збор за реализирање или оперативна имплементација на нормативните стандарди застапени во Поглавјето 24 – правда, слобода, безбедност, од пристапниот скрининг процес на ЕУ, како  области на јавна политика кои се посебно значајни за суверенитетот на една држава. Нивната основна цел е да обезбедат слободно движење на луѓе, со гарантирање на нивната безбедност“, рече Спасовски, истакнувајќи ги 12-те под области кои се императив за безбедноста на граѓаните: азил, миграција, надворешни граници, визна политика, борба против организираниот криминал, борба против трговијата со дрога, тероризам, трговијата со луѓе, царинска соработка, полициска соработка, судска соработка во граѓанските и кривичните предмети и фалсификување на евра.

„Едни од  подобрите примери за тоа се и креирањето на надворешниот механизам за контрола врз работата на лицата со полициски овластувања и затворската полиција, чии основи успеавме да ги воспоставиме и чии резултати се веќе видливи во пракса, како и  спроведувањето на императивната Реформа на разузнавачките служби и воспоставување на новиот систем за следење на комуникациите, што секако произлегуваат од Поглавјето 24“, истакна министерот и како примери за добра комуникација и партнерство со ЕУ ги спомена и изготвувањето на Законот за меѓународна и привремена заштита со кој беше извршено усогласување на националното законодавство со најновите акти на правото на ЕУ во областа азил, како и измената на Законот за гранична контрола, и неговото усогласување со директивите на ЕУ за обврската на превозниците да споделуваат податоци за патниците и евиденција на податоци за патниците.

Во делот на борбата против сериозниот криминал и тероризмот, како што појасни, се и бројни активности на ниво на усогласување на стратешки документи, национални и акциски планови и други проекти како на пример  проектот за Спротивставување на сериозен криминал во Западен Балкан кој има за цел да се зајакнат капацитетите на агенциите за спроведување на законот за гранична контрола и да се обезбеди ефикасен и ефективен одговор на заканите од сериозниот организиран криминал и тероризам, вклучително и спречување и спротивставување на насилниот екстремизам.

Тој ја потенцираше институционалната и политичка решителност и подготвеност во земјава за интензивен и стручен ангажман во усогласување на легислативата со европското законодавство, со силна увереност за повеќе од сигурна основа дека целиот тој процес, конкретно за Поглавјето 24 ќе биде окончан квалитетно особено сега на чекор до исполнување на долго посакувана цел – полноправно членство во Европската Унија.

По панел-дискусијата, на министерот Спасовски му беше врачена плакета за соработка и поддршка од страна на Студентското собрание и асоцијација на Универзитетот на југоисточна Европа, по што присутните имаа можност и да ги разгледаат лабораториите во склоп на Правниот факултет при УЈИЕ, заедно со инспектори од форензика од Секторот за внатрешни работи – Тетово.

актуелно безбедност Европа Оливер Спасовски тетово
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.