Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во објава на неговиот профил на Фејсбук, информира дека досега се реконструирани 78 полициски објекти. Од руинирани, истакнува, биле претворени во модерни и енергетско ефикасни објекти.
„Со тоа остваривме и придонес во значителна заштеда на електрична енергија“, оцени министерот.
Тој напомена дека со тоа е остварена заштеда од речиси три милиони киловат часови.
„Во 2021 се потрошени 15.900.195,5 киловат часови. Во 2022 се потрошени 13.168.749,38 киловат часови. Продолжуваме со обезбедувањето на подобри работни услови и подобри услуги. Со штедењето енергија на ваков начин ги зачувуваме природните ресурси и вложуваме во поздрава животна средина“, се наведува, меѓу другото, во објавата.







