Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски: Северна Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан, првпат се води сериозна битка против криминални структури
Македонија

Спасовски: Северна Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан, првпат се води сериозна битка против криминални структури

септември 22, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Говорејќи за сајбер криминалот, Спасовски во интервју за Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа, посочува дека ако ги погледнеме резултатите од оваа година, ќе видиме дека имаме намалување на компјутерскиот криминал за 7,4 проценти во споредба со минатата година.

Одговарајќи на прашањето за истрагите во врска со пресметките помеѓу криминалните банди во Старата скопска чаршија, во Косово и во Грција, министерот Спасовски ја потврди решеноста на ова раководство на МВР да се справи со криминиалните структури коишто се создавани и градени во изминатите 30 години, без разлика кои се и од каде доаѓаат.

– Ова е првпат да се води сериозна битка против криминални структури. И во таа наша намера, никој со ништо и за никаква цел не може да нѐ запре заради тоа што сметаме дека безбедноста на граѓаните е наш врвен приоритет. Инаку, што се однесува до конкретни настани јас можам да зборувам за настани кои што се случиле на територијата на државата и немаме и не можеме да разговараме за убиства во Грција и во Косово. Тоа е работа на истражните органи на тие земји и тие треба да ги дадат одговорите за овие инциденти кои се случиле, потенцира министерот Спасовски.

За случајот што се води во Скопје, Спасовски образложи дека има напредок во истрагата и се работи интензивно.

– Сметам дека можеме да дојдеме многу брзо до целосно расчистување на овој случај. Меѓутоа поважно е дека најголемиот дел од криминалните структури во т.н. групи кои што делувале и биле градени, а во изминатите 30 години најмногу поддржани во времето на режимот, веќе се изнесени пред лицето на правдата и издржуваат казни за тоа што го што го прават. Да напоменам дека само последниот месец имаме апсење на тројца членови на криминална група, коишто претходно беа во бегство или беа недостапни за органите на прогонот. Така да, мојата јасна порака е дека ќе направиме сѐ за да се штити интересот на граѓаните, безбедноста, јавниот ред и мир, ќе направиме сѐ без поговор секој еден што се занимава со криминал да одговара, сите тие криминални групи да бидат растурени, да се конфискува сето она што го имаат постигнато на нелегален начин и уште еднаш упатам јасна порака никој да не мисли дека може да биде посилен од државата. Тоа не било и нема да се случи, дециден е Спасовски.

Прашан за измените во Кривичниот законик и дали има политички пазар, Спасовски нагласува дека не може да стане збор за политички пазар, заради тоа што, како што вели, кој е резултатот од таквиот пазар доколку постоел. Сметам, истакнува Спасовски, дека нема основа за политички пазар, а најмалку може да има основа за политички пазар кога се во прашање витални национални интереси.

За тоа дали СДСМ се гледа во „Европскиот фронт“ за што говореше лидерот на ДУИ Али Ахмети, а во кој има простор за сите проевропски и проамерикански политички партии, Спасовски со порака дека СДСМ е една од најпрогресивните партии, СДСМ е партијата која сите важни чекори за државноста и напредокот на државата биле донесени кога таа била на власт.

– И спрема тоа, нè да се гледа – СДСМ е стожер на европскиот фронт. Таа е водечка политичка сила во државата кога станува збор за проевропскиот блок и СДСМ е таа околу која ќе се собере европскиот фронт, потенцира Спасовски, додавајќи дека еднаш и засекогаш мора да се одвојат прогресивните сили во државата, визави, сите оние кои што ја влечат државата назад, оние ретроградни сили, оние сили коишто не ѝ помагаат на држата да напредува.

За актуелната политичка состојба во државата, министерот Спасовски оценува дека никој не може да им опонира на 80 проценти од граѓаните што сакаат европска перспективата.

„Осумдесет проценти од граѓаните во Република Северна Македонија посакуваат да бидат дел од европското семејство. Кој е тој што може да опонира на 80 проценти од граѓаните? Кој е тој што сака да ја уништува перспективата на државата?

Затоа сметам дека сите политички субјекти, и сите одговорни политичари треба да работат на остварување на една ваква цел и нема изговори веќе во државата за нашиот напредок дека некој друг ни стои на патот во остварување на нашите цели, нагласува Спасовски во интервјуто за Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа.

 

 

 

 

 

МИА

актуелно Западен Балкан македонија Спасовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.