Голем пожар избувна во понеделникот 42 минути после полноќ кај Тугари, близу Сплит, во Хрватска.
Огнената стихија, се чини, го бираше патот по кој ќе го опколи градот, се протнуваше како змија низ ниските грмушки и помалите дрва, и отприлика еден часот после полноќ од Тугари, мина преку Жрновница и стаса до Мејаши и Мосор.
Целото тоа движење на пламенот го формираше ветерот со променлив правец, но и еден потполно нов пожар кај Либовац.
Потпомогнат од силниот ветер пожарот ги зафати Срињине, потоа Подстрана, Јесенице и Строжанац, а со доаѓањето на ноќта преку трите градски кварта – Кареповац, Кил и Мејаши го нападна и Сплит.
Во пожарите околу Сплит изгореа бројни куќи и автомобили.
Дел од жителите самоволно ги напуштија домовите во загрозените подрачја, а сместување им пружија бројни сплиќани кои ги примија во своите домови.
Пожарникарите со надчовечки напори во текот на ноќта во Строжанац и Подстрана го одбиваа огнот, но ветерот беше немилосрден. Пламените јазици зафатија се што им се најде на патот.
Небото над Сплит сеуште е сиво и непрегледно, токму и како што е воздухот низ кој лета пепел заради што дишењето е се потешко.
Фотографиите и снимките од Сплит и околината прикажуваат грди сцени кои пожарот ги остави зад себе. Подрачјето околу градот под Марјан повеќе не е така зелено, останата е само изгорена земја и овде-онде места од каде се појавува густ чад.
(Фото: Слободна Далмација)