Фудбалерите на Шпанија и Португалија се пласираа во осминафиналето на Светското првенство во Русија, откако вечерва двете репрезентации по возбудливи завршници одиграа нерешено со Мароко, односно Иран.
Шпанија играше 2:2 со Мароко, а до еден бод стигна со голот на резрвистот Јаго Аспаса во надополнувањето на времето. Мароко два пати беше во водство, прво преку Карим Бутаиба во 14, а потоа Јусеф Ен Насињо во 81 минута. На 1:1 изедначи Иско.
Португалија одигра нерешено 1:1 со Иран, чии фудбалери во завршницата имаа прилика да победат и да го елиминираат актуелниот шампион на Европа.
Водство на Португалија и донесе Рикардо Кваресма со гол во 45 минута, а во 53-та Кристијано Роналдо не искористи пенал, изедначувањето за Иран од пенал во 93 минута го донесе Карим Ансарифард, а една минута потоа Мехди Тарем имаше голема шанса да направи сензација, но не искористи изгледна шанса.
Шпанија во осмина финалето ќе игра со домаќинот Русија, а Португалија против Уругвај.







