Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Србија и Македонија во петок ќе го решаваат проблемот со брашното
Економија

Србија и Македонија во петок ќе го решаваат проблемот со брашното

февруари 27, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Србија и Македонија во петок во Скопје ќе одржат состанок за надминување на проблемот со извозот на српското брашно во Македонија.

Како што изјави српскиот вицепремиер и министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ, тој утринава од македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ја добил информацијата за измена на Правилникот.

„Во петок во Скопје закажавме состанок и се надевам дека ќе успееме да изнајдеме некакво решение, кое, пред се, ќе биде во интерес на стопанствениците од двете земји и нема да ја загрози надворешната трговија и во еден и во друг правец, ниту ќе не натера да преземеме какви било контрамерки – изјави  Љајиќ.

Србија, додаде, го избегнува преземањето такви мерки, бидејќи знае дека се на штета, пред се, на стопанствениците и на нашите севкупни економски односи.

Двајцата министри, вчера, телефонски разговарале за начинот како да се реши проблемот на отежнатиот извоз на брашно од Србија на македонскиот пазар, откако „Владата во Скопје ги смени процедурата за увоз и методот на издавање контролни марки“, информира Кабинет на Љајиќ.

Министрите Љаиќ и Николовски во разговорот се согласиле дека е неопходно овој проблем да се реши, при што Љаиќ изразил надеж дека проблемот ќе биде решен до крајот на оваа недела. Според нив, во интерес на стопанствата на двете земји, е протокот на стоки, луѓе и услуги да се одвива непречено.

Министрите се согласиле и дека воведувањето какви било нетарифни бариери, мерки и контрамерки ќе има штетно влијание врз размената на стоки која во континуитет расте.

Во саботата, деловната асоцијација на индустриски мелници, пекари и производители на тестенини „Житоунија“ од Нови Сад ги обвини македонските власти дека со неодамна воведените мерки придонеле увозот на брашно од Србија да биде „речиси неисплатлив“.

Ова здружение поднесе иницијатива до министерот Љајиќ „на Македонија веднаш да и се воведат реципроцитетни мерки за одредени производи од особено значење за македонската страна“.

За српските производители, Македонија преставува трет извозен пазар, каде годишно се пласираат 30.000 до 40.000 тони брашно.

Спорот околу извозот на српското брашно во Македонија досега се појавуваше во септември секоја година, но преку преговори на надлежните министерства се постигнуваше договор.

брашно македонија Нови Сад производители септември србија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари

ноември 23, 2026

Паѓа цената на нафтата

ноември 18, 2026

Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари

ноември 16, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.