Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се сретна со високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.
Од кабинетот на министерот е соопштено дека станало збор за стабилноста на регионот и за европската интеграција на Македонија. – Македонија се врати на европскиот пат, како со домашната реформска агенда, така и со влогот и решителноста за градење мостови и пријателство со соседите.
Македонија денес е шанса, но и заедничка обврска со ЕУ, да покажеме дека не само што можеме да стопираме криза, туку и да создадеме неповратен успех – Република Македонија конечно да излезе од чекалната и да започне пристапни преговори со Унијата, изјави Димитров по средбата.







