Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Средба Заев-Жидан: Граѓаните на Македонија сега ја имаат можноста да одлучат за нивната иднина
Македонија

Средба Заев-Жидан: Граѓаните на Македонија сега ја имаат можноста да одлучат за нивната иднина

септември 25, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и  неговиот советнички тим денеска се сретна со Дејан Жидан, претседател на Државниот збор на Република Словенија, придружуван од словенечка парламентарна делегација како и од словенечкиот амбасадор во Македонија, Милан Јазбец.

Премиерот Заев, посакувајќи му добредојде на првиот човек на словенечкиот Парламент, ги истакна исклучително високите пријателски односи со Словенија, заблагодарувајќи се за континуираната и силна поддршка, која земјата ја дава во значајните периоди за Македонија, кога е посветена на членството во евроатлантските структури.

„Денешната посета е силно охрабрување за нас како Влада, но и за граѓаните на Македонија, пред историскиот предизвик со којшто сме соочени, а тоа е спроведување на успешен референдум, што значи давање можност на секој граѓанин да излезе и да гласа, да се слушне неговиот став“, рече претседателот на Владата, Заев, оценувајќи дека е потребно единство и вклучување на сите политички лидери во клучните моменти, кога се обезбедува иднината на земјата.

Премиерот Заев повтори, дека единствена алтернатива за Македонија е членството во НАТО и во ЕУ и ја истакна посветеноста на Владата за континуитетот во реформите, во приоритетните области, правосудството, разузнавањето, владеењето на правото, борбата против корупцијата и јавната администрација.

Претседателот на словенечкиот Парламент Жидан, во пријателска атмосфера на премиерот Заев му изрази поддршка за напорите и остварувањата на одржување пријателски односи со соседите, додавајќи дека му се допаѓа неговиот оптимизам и начинот на решавањето на сите отворени прашања.

Потенцирајќи дека работата на актуелната Влада создава позитивна атмосфера не само во Македонија, туку и во регионот, Жидан порача дека Словенија ја гледа Македонија, веднаш до себе, како идна земја членка на НАТО и ЕУ и додаде дека само со освојување на големите, европски пазари се подобрува стопанството и се постигнува економски развој.

Претседателот на словенечкиот Парламент, порача, дека граѓаните на Македонија, непосредно пред одржувањето на референдумот, на 30 септември, се наоѓаат пред историски момент, пред отворена можност да гласаат за својата иднина, за членство во ЕУ и во НАТО, шанса што можеби нема да им се пружи во иднина. Тој потенцираше дека Македонија добива поддршка од претставниците на меѓународната заедница и е многу блиску до остварувањето на стратешките цели, евроатлантска интеграција.

Претседателот на Државниот збор на Република Словенија Жидан, на премиерот Заев му понуди искуство и соработка на европскиот пат, за подетално и побрзо решавање на европските регулативи кои Словенија успешно ги поминала.

Двајцата соговорници разговараа и за подобрување на економската и трговската размена, констатирајќи дека постои интерес на двете деловни заедници за подинамична соработка.

актуелно ЕУ жидан Заев македонија НАТО словенија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.