Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Средба Заев-Лорингхофер: Поддршка од НАТО за финалните чекори за членство
Македонија

Средба Заев-Лорингхофер: Поддршка од НАТО за финалните чекори за членство

јануари 22, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со помошник генералниот секретар на НАТО за разузнавање и безбедност Арнд Лорингхофер.

На средбата е пренесена поддршка од сите земји на НАТО, на премиерот Заев, на Владата и на нашата држава, во финалните чекори за членство во НАТО, со надеж дека Република Македонија ќе биде 30-та земја членка на Алијансата. Констатирано е дека позитивните случувања во земјата се добра вест и за светот. Исто така, изразена е поддршка на насока на реформите и законската легислатива што се носи, во делот на професионализација и ефикасност на безбедносните служби.

„Членството на Република Македонија во НАТО ќе има позитивен импакт за нашата земја, но и во целиот регион, затоа што носи стабилност. Тоа ќе влијае и на развој на економијата, бидејќи инвеститорите пред се тргнуваат од стабилноста кога одлучуваат каде ќе вложуваат. Веќе сме во сериозни контакти со светски познати компании коишто се заинтересирани за инвестирање во регионот и имаме позитивни сигнали дека во Република Македонија гледаат сериозни потенцијални можности, поради отворените НАТО перспективи, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, соопшти дека реформите во безбедносните служби се прават низ инклузивен процес во државата, но и според успешни модели од земјите членки на НАТО. Тој најави дека и во следните чекори, Владата тесно ќе соработува со НАТО земјите во врска со заокружувањето на професионализацијата на безбедносниот сектор, затоа што целта на Република Македонија е да биде партнер за пример во НАТО.

Високиот претставник на НАТО, Лорингхофер, изрази благодарност за придонесот на нашата држава во мировните мисии и растечкото учество на војници на АРМ во мисиите во Авганистан. Премиерот Заев најави дека трендот ќе продолжи и во иднина и во однос на партиципацијата на припадници на АРМ во мировните мисии и во однос на одвојувањето буџетски средства за Армијата, затоа што целта на Владата е војниците од Република Македонија да бидат на достоинствено ниво со нивните колеги од НАТО земјите, во мисиите.

На средбата е разговарано и поконкретно за актуелната безбедносна состојба во државата и во регионот. При тоа, премиерот Заев изрази благодарност до претставниците на НАТО за денешната средба, како и за континуираната поддршка што доаѓа од генералниот секретар на НАТО и од земјите членки за Република Македонија, а коишто ги оцени како значајно охрабрување за институциите, правосудниот систем, администрацијата, медиумите, граѓаните, дека државата се движи во вистинската насока.

актуелно Алијанса Заев македонија НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.