Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ССМ ја започна блокадата на Собранието
Македонија

ССМ ја започна блокадата на Собранието

февруари 10, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со блокада на Собранието утрово почнаа блокадите што ќе ги реализира ССМ во следниве денови барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра.

Со блокадата, како што посочуваат од ССМ, ќе биде испратена порака до пратениците дека тие се оние кои го блокираат законот за зголемување на минималната плата повеќе од една година и кои не сакаат да ја прифатат иницијативата на ССМ за намалување на функционерските плати

Припадници на полицијата се распоредени околу зградата на собранието. Трендафилов посака добро утро за сите, освен за пратениците.

„Добро утро на сите, освен на пратениците. Зошто освен на пратениците, затоа што две години го блокираат предлогот на работничките синдикати за зголемување на работничките плати или за зголемување на минималната плата и сите останати плати за 6.000 денари“, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Трендафилов вели како што ветиле денеска по 21 човек на две локации ги блокираат пратениците да не можат да дојдат на работа со сопствените возила на работа, да не можат да наплатат патни трошоци како да трошат керозин, туку да дојдат на работа пешки или со јавен превоз.

Пратениците стигнале на работа пред 9 часот.

„Моите информации се дека голем дел на пратеници станале рано утринава за да дојдат пред 9 часот на работа, за да не се соочат со работниците на улица. Се срамат од своите гласачи затоа што одбиваат да ја зголемат работничката плата, а од друга страна, пратеничката плата, според последните најави, ќе се зголеми, не само за 9,2% како што пресмета гувернерот на Народната банка дека се зголемува просечната плата во 2025 година, туку и за 12,6% затоа што голема веројатноста е Уставниот суд да ја укине одредбата на Владата од претходната влада. Да биде срамот поголем, тие се подготвени нивните коефициенти да ги намалат за 9%, само за да не ги зголемат платите на работниците, рече Трендафилов пред едниот влез на Собранието на булеварот „11 Октомври“.

„Затоа денеска сме тука во 9 часот за да ги блокираме да му покажаме дека нечовечки се однесуваат кон работниците, бидејќи слушавме дека пратениците ги бранат своите плати, а не работничките плати“, рече Трендафилов.

Според него денешниот ден треба да ги засрами сите, особено 120 пратеници, кои се избрани од народот. Блокадата ќе трае се до започнување на Собраниската седница во 11 часот.

Трендафилов се заблагодари и на полициските службеници кои се денеска заедно со нив на студеното време, за да ги чуваат пратениците кои не сакаат да им ја зголемат платата.

актуелно блокада собрание ССМ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.