Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
  • УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија
  • Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири
  • ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“
  • СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Стабилна состојбата со КОВИД-19, ќе се прави симулација за можна појава на петти бран
Градови

Стабилна состојбата со КОВИД-19, ќе се прави симулација за можна појава на петти бран

мај 17, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Состојбата со КОВИД-19 во државата е стабилна. Надлежните сметаат дека постојните ковид мерки треба да останат, иако 99 отсто од нив се укинати. Во моментов пак, се планира третманот на постковид пациентитите.

„Состојбата е стабилна и линеарна. Секој ден добиваме исти бројки, така што засега е мирно и немаме некој аларм што се најавува за во иднина, смета министерот за здравство, Беким Сали.

Тој вчера најави дека Комисијата за заразни болести ќе продолжи со работа во насока на планирање како да се справиме со постоковидот, а како што рече, целта е и симулација на можна појава на петти бран на ковид инфекции.

„Најавив дека Комисијата ќе продолжи со работа, можеби не со истото темпо, меѓутоа со работа што ќе означува едно планирање како да се справиме со постковидот, дали ќе биде тоа еден објект во кој ќе се третираат сите постковид компликации кај пациенти или пак ќе бидат повеќе клиники ангажирани околу тие пациенти, како ќе ги третираме нив… Една од целите ни е симулација на можна појава на петти бран ковид инфекции. Работиме на тоа. Моментално сме на планирање на третманот на постковид пациентите, рече Сали.

Инаку, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од 13 до 15 мај се регистрирани 176 позитивни случаи на КОВИД-19, од кои 31 се реинфекции. Нема починати лица. Пријавени се две починати лица од април, кои се дополнително регистрирани преку Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин.

Во текот на овие три дена, беа направени 2.674 тестови, а од новите случаи во Скопје се 106, Битола 26, Прилеп 7, Штип и Ресен по 5, Куманово, Кавадарци и Охрид по 4, Гостивар и Кочани по 3, Кичево и Берово по 2, Велес, Струга, Гевгелија, Крушево и Демир Хисар по 1. Регистрирани беа 275 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 2.038.551 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 310 859. Бројот на оздравени пациенти е 301 035, а на починати е 9 291. Активни се 533 случаи.

Европската Комисија вчера преку портпаролот за здравство потврди дека го прекинува договорот со фармацевтската компанија Валнева, што претходно беше потпишан, за набавка на вакцината против Ковид-19.

Портпаролот за здравство на Европската Комисија, Стефан Де Керсмакер, ја потврди информацијата вчера на редовниот брифинг за новинари во Брисел, но не соопшти детали за причините.

Валнева изрази жалење поради оваа одлука и преку соопштение истакна дека компанијата не е обврзана да ги врати парите од набавката.

Валнева е француска фармацевтска компанија специјализирана во вакцини како полио и Лајм. Нејзината вакцина против Ковид-19 е одобрена во други земји, како Обединетото Кралство. Вакцината на оваа компанија е развиена по традиционален метод на деактивиран аденовирус, за разлика од Фајзер и Модерна кои развија мРНА вакцини.

Во однос на состојбата со КОВИД-19 во Европа, во Германија останува задолжително носење на заштитна маска на летовите, и покрај олеснувањето на мерките за епидемијата во Европската унија, соопшти вчера германското Министерство за внатрешни работи.

Според протоколите, „FFP2“ или медицинските маски мора да се реме на целиот лет. Маските може да се симнат само додека патниците јадат или пијат за време на летот.

Министерството објасни дека правилото за носење маски е во согласност со новите препораки на ЕУ.

Во меѓувреме, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ѝ нареди на војската да ја стабилизира дистрибуцијата на лекови за Ковид-19 во Пјонгјанг, во борбата против првото потврдено избивање на вирусот во земјата, јавија државните медиуми.

Минатата недела, Северна Кореја информираше за првото избивање на „експлозивна“ епидемија, откако над две години тврдеше дека во земјата нема заразени. Експерти предупредуваат оти тоа може да предизвика бројни проблеми во земјата, што е ограничена со медицински залихи и без програма за вакцинација.

Запрено е ширењето на коронавирусот во поголемиот дел од Шангај, а нешто помалку од еден милион луѓе сè уште се во карантин.

Локалните власти таму вчера соопштија дека градот постепено се отвора, но економските податоци го покажуваат негативното влијание на кинеската стратегија „нулта ковид“.

Во САД пак, бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата на Ковид-19 од вчера се искачи на еден милион, помалку од две и пол години од почетокот на пандемијата.

Бројот на починати е утврден врз основа на посмртници од Центарот за здравствена статистика на Американскиот центар за контрола и превенција на болести. Се проценува дека вистинскиот број на директни или индиректни смртни случаи од Ковид-19 е многу поголем, поради нарушувања во здравствениот систем. Пред три месеци, вкупно во САД имаше вкупно 900 000 починати од Ковид-19.

 

МИА

актуелно Ковид-19 петти бран појава состојба стабилна
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.