Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Стандард: Иванов е марионета на Груевски и ја води Македонија во хаос
Македонија

Стандард: Иванов е марионета на Груевски и ја води Македонија во хаос

април 26, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов се однесува како марионета на експремиерот Никола Груевски, кој ја води својата земја во хаос и далеку од ЕУ и НАТО, пишува австрискиот весник Стандард.

„Тој ја навредува ЕУ како „импотентна и беспомошна“. Времето на Пакс Американа на Балканот помина. Од 1 март годинава, македонскиот претседател Иванов одбива да му го даде мандатот за формирање влада на шефот на социјалдемократите Зоран Заев, иако тој заедно со албанските партии има мнозинство во Собранието. На тој начин, тој отворено застана зад досега владејачката ВМРО-ДПМНЕ и ги нарушува сите демократски правила на игра. Притоа, 56-годишниот правник треба да знае што значи правна држава, бидејќи предаваше политички теории на Универзитетот во Скопје“, се наведува во текстот во Стандард.

„Со недели се одржуваат масовни протести на приврзаниците на ВМРО кои се обидуваат да ја спречат промената на власта. Главната причина: против повеќе високи владини функционери и службеници се водат истраги од страна на Специјалното јавно обвинителство.

Стравот на досегашната политичка елита дека ќе заврши во затвор, оттука е многу голем. Политичарот Иванов стана продолжена рака на поранешниот премиер Груевски, против кого исто така се водат истраги.

Поддршка во тоа, тој добива од владата во Москва, од мнозинството медиуми и од многу невладини организации. ВМРО изгради наратив според кој, евентуалната влада на СДСМ мора да се спречи за да се спаси државата. Во тој контекст искористен е баукот на „албанската платформа“, која е наводно погубна за интересите на земјата“.

Социјалдемократот Заев по преговорите со албанските партии изрази подготвеност да ги прошири јазичните права на Албанците, но ги отфрли барањата за промена на химната и знамето. Стратегијата на ВМРО е провидна: протестите против „Тиранската платформа“ започнаа дури четири недели по средбата во Тирана, односно токму тогаш, кога опозицијата се подготвуваше да ја преземе владата.

Со оглед на политичката пат-позиција и фактот дека нема нова влада, состојбата е сѐ понестабилна. Неодамна шефот на државата во интервју за „Винер цајтунг“ му се закани на Заев дека ќе заврши во затвор. Разбирањето на Иванов на правната држава не е ништо ново: пред една година тој објави амнестија на 56 политичари и нивни соработници, со која сакаше да ја заштити владејачката клика на ВМРО. По голем притисок амнестијата беше повлечена.

Трпението на ЕУ и САД со Скопје, по двегодишни интензивни преговори сега е на крај. Санкции против Иванов и Груевски мора да бидат прифатени од сите ЕУ членки-но Унгарија и Полска се против. Можно е да се блокираат парите од ЕУ, а Европскиот парламент да ја повлече поддршката за ЕУ перспективата на земјата“, пишува Стандард.
Извор: Дојче веле

актуелно вмро-дпмне ѓорге иванов мандат марионета Никола груевски Тиранска платформа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.