Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Стапи во сила Законот за бесплатна правна помош
Политика

Стапи во сила Законот за бесплатна правна помош

октомври 1, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со новиот Закон за бесплатна правна помош, што стапи на сила од денеска, граѓаните добиваат бесплатна правна помош и еднаков пристап до правда – адвокатот, а сите судски и административни трошоци се покриваат од буџетот.

„Граѓаните кои се со незавидна финансиска положба можат да се обратат до Министерството за правда и до неговите подрачни единици и да побараат да им се даде правна помош или да им се обезбеди адвокат кој ќе биде платен од Буџетот на Министерството. Новина во законот е што сега се покриваат сите трошоци поврзани со обезбедувањето на правната помош“, рече на денешната прес – конференција, министерката за правда, Рената Дескоска.

Овој закон, како што истакна, придонесува кон градење на владеењето на правото, но и содржи и една хумана димензија која подразбира дека материјалните можности не смеат да бидат пречка за остварување на правата на граѓаните.

Дескоска потенцираше дека со овој закон, граѓаните кои немаат доволно финансиски средства ќе можат да ги остварат своите права пред судовите, пред управните органи, но и пред други државни органи како што се Уставниот суд, Народниот правобранител и други институции.

Бесплатната правна помош граѓаните можат да ја добијат за имотноправни спорови, должничко-доверителски односи, прашања од пензиско и инвалидско осигурување, застапување на жртви на семејно насилство, остварување на социјална помош, за спорови со осигурителни компании итн.

Новина во законот, како што рече Дескоска, е што сега се покриваат сите трошоци поврзани со обезбедувањето на правната помош.

Досега не се покриваа судски такси, трошоци за вештачење и сл., што беше пречка за
многумина да добијат заштита заради дополнителните трошоци.

Сега таа пречка е отстранета.

Со новиот закон, корисниците на бесплатна правна помош се ослободуваат од судски трошоци и од трошоци за вештачење и тоа ќе се врши од Бирото за судски вештачења без надомест.

Законот предвидува давање на примарна и на секундарна правна помош.

Примарната правна помош ја даваат овластени лица од Министерството за правда или од подрачните одделенија кои ги има по градовите во внатрешноста на државата.

Примарна правна помош даваат овластени здруженија.

Досега се регистрирани седум вакви здруженија.

Примарна правна помош ќе даваат и правните клиники на правните факултети.

Почнувајќи од денеска правните факултети на првите седум рангирани универзитети може да поднесуваат барања за регистрација на правните клиники.

„Со тоа даваме можност да се воспостави двојна корист – бесплатна правна помош на оние на кои им е потребна и можност за практична настава за студентите на факултетите кои од студентските клупи ќе го учат правничкиот занает, а тие секако ќе бидат менторирани“, истакна Дескоска.

Секундарната правна помош ја даваат адвокатите и таа се состои од застапување во граѓански судски постапки, во управни постапки пред Фондот за пензиско и инвалидсно осугуривање, Фондот за здравствено осигурување, застапување во постапка за расправање на оставина пред нотар, составување поднесоци на должник пред извршител и сл. Новина на овој закон е што бесплатна правна помош добиваат и жртви на кривични дела.

„За да можеме да излеземе во пресрет на очекуваниот зголемен обем на барања за бесплатна правна помош, оваа година Буџетот на Министерството за правда е зголемен за 2.000.000 денари, повеќе од претходните години. Со години наназад буџетот за оваа намена беше 3.000.000 денари, а оваа година изнесува 5.000.000 денари“, истакна Дескоска.

Министерката за правда ги наведе и условите кои треба да ги исполни барателот на бесплатна правна помош, а тоа се ако барателот живее сам неговиот месечен приход да не е поголем од утврдената минимална плата, ако живее во семејство – вкупниот приход да не биде поголем од минимална плата зголемена за 20% од минималната плата за секој член поеинечно.

Тоа значи 12.500 денари плус 2.500 денари или вкупно 15.000 денари месечен приход ако се двочлено семество, или 17.500 денари за трочлено семејство, 20.000 за четиричлено семејство…

„При тоа како приход не се смета надоместок за помош и нега од друго лице, родителски додаток за дете, детски и посебен додаток, додаток заради посебни потреби, надоместок на плата за скратено работно време. Исти така барателот на правна помош не треба да има повеќе од еден едностанбен објект или стан во зграда. Да нема повеќе во сопственост од една или повеќе физички поврзани парцели со вкупна површина од 300 метри квадратниво Скопје, 500 метри квадратни во другите општини, односно една или повеќе парцели со вкупна површина не поголема од
5000 метри квадратни во рурални средини, и едно моторно возило до 1200 сантиметри кубни“, рече Дескоска.

Министерката за правда ги охрабри граѓаните кои ги исполнуваат условите за добивање бесплатна правна помош да се обратат до подрачните одделениија на Министерството за правда, до граѓанските здруженија, и истакна дека се надева оти наскоро ќе може да се обраќаат и до правните клиники на правните факултети.

актуелно закон правна помош
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.