Годишната стапка на инфлација во Германија благо го забави растот, од 6,4 отсто во јуни на 6,2 отсто во јули оваа година, но и понатаму е на високо ниво, објави денеска Сојузното биро за статистика, потврдувајќи ги прелиминарните резултати.
„Стапката на инфлација благо падна, но останува на високо ниво“, изјави шефицата на „Статистика“, Рут Бранд.
На сè уште високата инфлација влијаеше посебно растот на цените на храната, а заедно со него и „растот на цената на енергенсите повторно беше малку поголем во однос на претходните два месеци“, рече Бранд.
Цените на храната во јул, споредено со истиот месец лани, пораснале за 11 отсто, нешто пониско од јуни.
Цените на енергенсите, пак, имаат нешто посилен пораст во однос на јуни, од 5,7 отсто.
Инфлацијата веќе со месеци е товар за потрошувачите и им ја нагризува нивната куповна моќ.
Највисока инфлација во таа земја имаше во есента 2022 година, и тоа во висина од 8,8 отсто.







