Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Столтенберг ги почна средбите со државниот врв
Македонија

Столтенберг ги почна средбите со државниот врв

јануари 18, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој синоќа пристигна во официјална посета на Скопје, со средбата со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска ги почна средбите со македонскиот државен врв, како и со лидерите на дел од партиите застапени во Собранието.

Столтенберг по разговорите на Димитров замина на средба со претседателот Ѓорге Иванов, а потоа ќе оди во Министерството за одбрана и со министерката Радмила Шекеринска.

Првиот човек на НАТО попладне ќе им се обрати на пратениците, а во Собранието ќе има средби со претседателот на законодавниот дом Талат Џафери, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Официјалните активности генералниот секретар на НАТО ќе ги заврши со средбата со премиерот Зоран Заев. Тој во Владата ќе биде пречекан со највисоки почести, а по средбата предвидена е завршна прес-конференција.

На средбите во Скопје, како што се очекува, Столтенберг ќе даде потврда за досега сработеното од новата Влада во реформскиот процес на патот на европските и евроатланските интеграции, но ќе изнесе и насоки кон кои земјата треба да се движи на патот до НАТО.

На Столтенберг ќе му бидат презентирани достигнувањата во надворешната политика изминатот период, со акцент дека членството во НАТО и ЕУ, добрососедските односи и регионалоната соработка се трите стратешки приоритети на надворешната политика на земјава.

Се очекува Столтенберг да испрати порака и до опозицијата, која најави дека ќе се врати во Собранието за да го проследи неговиот говор, да се вклучи во работата на законодавниот дом и во соработката во процесот на спроведување на реформите во земјата.

Во делот на посетата на делегацијата на НАТО во Владата, програмата предвидува и пленарни разговори меѓу владината и делегацијата на Алијансата.

НАТО ќе ја покани Македонија да се приклучи како негова земја-членка откако ќе биде постигнато взамно прифатливо решение во спорот со Грција за името, порача генералниот секретар на НАТО во интервјуто за МИА, кое го даде непосредно пред неговото пристигнување во првата официјална посета на земјава.

На прашањето дали Македонија ќе добие покана за членство на самитот во НАТО во Брисел и без решено име, под привремената референца ПЈРМ Столтенберг е дециден дека позицијата на Алијансата останува непроменета.

„Не. Позицијата на НАТО останува непроменета. Сите одлуки во НАТО се донесуваат врз основа на консензус меѓу сите НАТО сојузници. На самитот во Букурешт и на последователните самити, тие се согласија дека НАТО ќе ја покани вашата земја да се приклучи, откако ќе се постигне взаемно прифатливо решение за прашањето за името во рамките на ОН“, истакна Столтенберг во интервјуто за МИА.

актуелно Алијанса влада Зоран Заев македонија НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.