Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, вечерва во Загреб изјави дека Северна Македонија набрзо ќе биде 30 земја членка на Алијансата.
Како што јави дописникот на МИА, Столтенберг ова го кажа по средбата со хрватски премиер Андреј Пленковиќ.
– Го поздравуваме фактот дека Хрватска е силен поддржувач на политиката на отворени врати на НАТО. И наскоро, за неколку недели, Северна Македонија ќе стане 30-та членка, што укажува дека нашата врата останува отворена – изјави Столтенберг.
Столтенберг во Загреб освен со премиерот, се сретна и со новиот претседател Зоран Милановоќ.







