Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Стотиците бродови закотвени во светските пристаништа прават дополнителен раст на цените
Анализи

Стотиците бродови закотвени во светските пристаништа прават дополнителен раст на цените

октомври 18, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Не престануваат проблемите во светските ланци за снабдување. Моментно речиси 600 бродови чекаат за истовар, односно за товар на стоки, пред најголемите светски пристаништа. Тоа е двојно повеќе отколку на почетокот на годината.

Речиси стотина бродови чекаат пред пристаништата во Хонг Конг и Шензен заради што драстично растат цените на сите врсти производи во Европа и Азија, а што е последица на огромниот пораст на трошоците за траспорт на стоката, пишува „Финансиал Тајмс“.

Најлошо е во јужна Кина каде што изминатата недела пристаништата на два дена ги затвори и бурата која го погоди тоа подрачје. Иако временските неприлики се чести во глобалниот поморски превоз, во овој момент тоа е само дополнителен проблем со оглед на пост-пандемиската криза.

Колку пандемијата влијаеше на глобалниот поморски превоз зорува фактот дека еден случај со зараза во август го затвори терминалот Нингбо, близу Шангај, на дури две недели.

„Ланците за снабдување се погодени од сите страни и се срушија на досега невиден степен“, рече Симон Хенли, аналитичар на поморската консултантска куќа „Древри“.

„Проблемите се могу подлабоки од она што го гледате во пристаништата“, додаде Хенли.

Зголемената побарувачка за стоки за широка потрошувачка, пореметувањето во редот на пловидбата на контејнерските бродови предизвикано со пандемијата и недоволниот број на пристанишни работници и возачи на камиони резултираат со се подолго чекање на утовар и истовар.

Проблемите дополнително ги продлабочува и тоа што дел од бродовите доаѓаат на одредиштето подоцна од тоа што е предвидено, а што го ремети работењето во целиот ланец на доставувањето на стоката. Пореметувањата во ланците за снабдување така се одразуваат и на претходните споменати цени на бродскиот превоз.

Просечната глобална цена на превозот на голем контејнер сега е близу 10.000 долари, три пати повеќе отколку на почетокот на годината и дури 10 пати повеќе отколку пред пандемијата, покажуваат податоците на „Фрејгтос“.

Детлеф Трефцгер, извршниот директор на „Кајне и Нагела“ (Kuehne+Nagela), една од најголемите транспортни и логистички фирми на светот, очекува дека загушувањето во поморскиот товарен превоз ќе потрае најмалку до кинеската Нова Година во февруари 2022 година. До тогаш оваа криза може да стане уште полоша, оценува Трефцгер.

Некои сметаат дека кризата може да потрае и подолго отколку што се очекува, посебно ако временските прилики бидат неповолни и ако се случи уште некој пробив на вирус во кинеските пристаништа.

„Влегуваме во зимскиот период на северната полутопка што ќе донесе вообичаени нпредизвици – снег, ветер и затварање на пристанишните терминали. Не знаеме што се може да се случи“, вели Ларс Микаел Јенсен, директор на глобалната океанска мрежа во данската „Маерска“, најголемиот светски контејнерски превозник.

Јенсен вели дека не може да оцени дали најлошото помина. Во Европа бродовите долго чекаат на утовар и истовар пред пристаништата во Хамбург и Антверпен. Од друга страна, пловилата релативно брзо доаѓаат на ред во Ротердам и британскиот Феликстоу, но тоа не значи дека тие пристаништа немаат проблеми.

Бројот на денови на истовар во најголемите светски пристаништа сега стои вака: најмалку се чека во Шензен (од еден до два дена), потоа следи Шангај/Нингбо (од еден до три дена), па следат Ротердам (до шест денови) и Саванах (од шест до седум денови), а најлошо е во Лос Анџелес/Лонг Бич (од седум до 12 денови).

Имено, заради недоволниот број на возачи на товарни камиони и загушените речни товарни линии, пренатоварени се со контејнери кои нема кој да ги одвезе. Кон крајот на минатата недела Феликстоу беше најоптоварено британско пристаниште. „Маерск“ заради тоа дел од товарот за Велика Британија го пренасочи кон европските пристаништа од каде што може да биде префрлен на помали бродови.

Подобра не е состојбата ниту на американскиот западен брег. Иако бројот на бродови кои чекаат пред пристаништата во Тихиот океан падна од рекордните септемвриски 76 на сегашните 57, а недоволниот број на пристанишни и транспортни работници доведе до 12-дневно чекање. Американските пристаништа моментно се убедливо најнеефикасните во светот.

Во однос на состојбата од пред пандемијата, истоварувањето на бродовите во пристаништата Лос Анџелес и Лонг Бич трае три пати подолго. За споредба, големите кинески пристаништа кои работат нон-стоп сите седум дена во неделата го продолжија времето за истовар за само 20 отсто, покажуваат податоците на „ИХС Маркит“.

Проблемот во американските пристаништа е толку сериозен што претседателот Џо Бајден побара зголемување на капацитетите од железничките и друмските превозници од тие пристаништа. Големите компании како што се „Валмарт“ и „УПС“ најавија дека дополнително ќе се ангажираат за побрза достава на стоките.

актуелно брод Велика Британија Кина Лос Анџелес пристаниште Ротердам Хамбург
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.