Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Страв од тероризам: Засилена безбедност низ Европа за новогодишната ноќ
Во Фокусот

Страв од тероризам: Засилена безбедност низ Европа за новогодишната ноќ

декември 29, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Градовите ширум Европа најавија поостри безбедносни мерки во новогодишната ноќ, со оглед на терористичките напади на чија мета се најдоа повеќе метрополи во претходните години.

Лондон планира да го засили полициското присуство и да затвори некои улици на крајот на годината која ја одбележаа повеќе екстремистички насилства.

Полицијата соопшти дека не постои никаква конкретна закана за големата градска прослава, чиј главен дел е огнометот над реката Темза, но истакна дека јавноста мора да биде внимателна, пренесува АП.

Ник Алдворт, началник во Метрополитенската полиција, изјави дека ќе бидат користени и видливи и невидливи методи на заштита, а дека граѓаните на улиците можат да очекуваат да видат и вооружени припадници на безбедносните сили и препреки за спречување на движење на возила.

Тој ја замоли јавноста за трпение во новогодишната ноќ затоа што ќе бидат поставени голем број контролни пунктови. Патем, Алдворт информираше дека влезниците за лондонскиот огномет се распродадени и дека тие кои немаат билети огнометот треба да го гледаат на телевизија.

И француските власти најавија непосредно пред католичкиот Божик дека ќе распоредат 100.000 дополнителни полицајци и војници за божикните и новогодишните празници, поради страв од напади на екстремисти кој е и понатаму голем, а како што е најавено, овие сили ќе бидат фокусирани на божикните панаѓури и во трговските центри, верските објекти, јавниот превоз и туристичките локации.

Засилени безбедносни мерки пред и за време на прославата на Нова година најавени се и во Германија. Полициски сили во поголем број отколку вообичаено ќе се појават на големите градски центри ширум земјата, како во униформа така и во цивилна облека, наведува Синхуа.  Со тоа градските власти ќе одговорат на низата инциденти во кои учествуваа насилни мигранти, но и на растечката терористичка закана во текот на зимскиот празничен период.

Келн, каде што пред две години беа евидентирани стотина случаи на сексуални напади и кражби од страна на баратели на азил, ја прошири зоната на безбедност околу главната катедрала и централната железничка станица, со поголем број на камери и подобро осветлување. Во тие зони ќе биде забранет огномет, а полицајците ќе спречуваат формирање на поголеми групи луѓе.

„Полицијата ќе распореди околу 1.400 припадници на специјалните сили“, информираше Уве Јакоб, шеф на келнската полиција, додека локалните власти очекуваат приближно ист број на посетители како и претходните години.

Во центарот на Хамбург кој исто така се најде на удар на напади какви што беа забележани во Келн, ќе бидат распоредени 530 полицајци на клучни локации, а новите мерки ќе опфатат видео надзор во популарната зона Јунгфернштиг и уште една мобилна гарда која ќе патролира по улиците.

Во Минхен, исто така, предвидени се поголем број на полицајци за обезбедување на зоната каде што голем број на луѓе обично се собира да го гледа огнометот.

Најголема новогодишна манифестација ќе се одржи во Берлин, но полицијата во престолнината по правило на медиумите не им дава однапред никакви информации за безбедносните мерки пред какви било големи случувања.

Сепак, мериумите наведуваат дека прославата кај Брандернбуршата порта веројатно повторно ќе биде во средиштето на вниманието на властите.

Германската полиција вчера информираше дека ќе постави поголем број на барикади на клучните пристапни патишта до поголемите градови.

Безбедноста пред новогодишните празници засилена е и во Италија, а министерот за внатрешни работи Марко Минити им наложил на сите локални власти да ги поострат мерките во областите на кои се очекува голем број луѓе.

Италија пред божикните и новогодишните празници ги зајакна контролите на аеродромите, железничките станици и во пристаништата, како и на патиштата и во јавниот превоз, соопшти италијанското Министерство за внатрешни работи.

Рим најави дополнителни мерки за безбедност на Плоштадот Навон, а фестивалот Бефана на тој плоштад, којшто традиционално се одржува на католичкиот празник Богојавление, овој пат е одложен затоа што властите не се договориле со изведувачите кој ќе ги плати трошоците за дополнителните мерки за безбедност, пренесува Синхуа.

Пред новогодишната ноќ безбедноста е зајакната и во Мадрид како би се спречил евентуален терористички напад, имајќи во вид дека Барселона во август годинава беше место на напад со комби на група туристи, кога загинаа 14 луѓе.

Мерките во Мадрид опфаќаат засилен надзор вклучувајќи употреба на камери во сообраќајот, како и забрана за движење на камиони и други товарни возила низ центарот на градот за време на новогодишната прослава и Парадата на трите крала на 5 јануари.

Локалните власти одлучиле и да го намалат бројот на луѓе на Плоштадот Дел Сол, од 25.000 на 20.000, каде што традиционално се собираат да ја слушнат новогодишната камбана, а дополнително се забранува и носење на стаклени шишиња и знамиња. Таму, јасно ќе бидат означени патиштата за излез околу метро станиците во случај на потреба за брза евакуација, а се очекува и дека полициски хелихоптер ќе го надлетува Плоштадот.

Безбедноста се засилува и во Турција, која најави дека енормно ќе го зголеми бројот на полицајците во новогодишната ноќ во Истанбул, а истовремено забрани јавни прослави во централните општини во градот, откако лани, на дочекот на 2017 година, беа убиени 39 лица во напад во дискотека.

Во текот на новогодишната манифестација во Москва, ќе бидат ангажирани околу 45.000 полицајци, припадници на Федералната служба на руската национална гарда и приватни компании за обезбедување, како и спасувачи и медицински работници, соопшти шефот на градскиот Оддел за култура, Александар Кибовски.

Во руската престолнина, за време на новогодишните и божикните празници, ќе бидат одржани повеќе од 300 настани, меѓу кои и најголемиот божикен фестивал „Патување кон Божик“, а на тој фестивал минатата година се собраа 12,2 милиони луѓе, потсетува новинската агенција Тасс.

актуелно безбедност германија Европа Келн мадрид напад русија тероризам турција Хамбург
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.