Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СТРАДАЊЕ ВО ИМЕ НА ВЕРАТА: Крвави улици, врисоци, камшикување… вознемирувачки сцени на Велики петок
Во Фокусот

СТРАДАЊЕ ВО ИМЕ НА ВЕРАТА: Крвави улици, врисоци, камшикување… вознемирувачки сцени на Велики петок

април 10, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Десетици мажи со круни од трње на главите и со крпи кои им ги покриваат лицата, боси одеа низ улиците на еден мал град и попат се камшикуваа по грбот со стапови од бамбус.

Крв им тече по нивните грбови, им ги натопува панталоните и прска врз луѓето кои стојат покрај патот и го следат ритуалот.

Некои од мажите намерно паѓаат на земја за да можат дополнително да бидат тепани парчиња дрво.

Кога крвта ќе престане да им тече од отворените рани, кожата им ја прободуваат со жилети или парчиња стакло закачени на дрвени стапови, пишува Дејли Мејл.

„Го правам ова за моето семејство да биде здраво. Само треба да се молите и тогаш нема да чувствувате болка“, рече Дарен Пасквал (31) по камшикувањето, што е само вовед во главниот настан.

Во последниот чин од оваа претстава, тројца мажи, актери, облечени како римски војници, ги носат до еден рид на кој двајца од нив ги врзуваат за голем дрвен крст.

Оваа година, честа да го игра Исус Христос му припадна на Вилфредо Салвадор, низок, жилав рибар. Него со клинови навистина го приковуваат на крстот, кој потоа го исправаат. Околу глава му брмчи дрон кој ја снима целата сцена, а наоколу се туристите кои исто така го сликаат и го снимаат целиот настан.

После неколку минути му ги извадија клиновите од дланките и стапалата на Салвадор и го спуштија на земја. Потоа на носилки го однесоа на преглед до медицинскиот шатор, пред да му дозволат да си оди дома.

„Господ ми дава физичка сила за разлика од другите кои тоа не можат да ја поднесат“, рече Салвадор (66), кој првпат почнал да учествува во овие распнувања пред 15 години, откако доживеал психичко растројство.

„Она што го правам е мој избор. Му благодарам на Господ што ми даде втор живот“.

 

Традиција стара со децении

Овој спектакл со години наназад се изведува во селата околу Сан Фернандо на Филипините, иако традицијата накратко беше прекината за време на пандемијата.

Здравствените работници ги предупредуваат учесниците дека ризикуваат да добијат тетанус и други инфекции.

„Повеќе од јасно е дека распнувањето на Христос е повеќе од доволно за човештвото да се спаси од гревот“, вели пречесниот Џером Сецилано, секретар на канцеларијата за односи со јавноста на Католичката бискупска конференција на Филипините.

„Ако сакаш да ти бидат простени гревовите, оди на исповед“.

Оваа традиција влече корени во претставата за Исус Христос кој во 50-тите години од минатиот век ја напишал локален автор. Тоа довело до првото распнување во 1962 година.

Оттогаш, обичајот се претвори во визуелно многу импресивен религиски фестивал кој, во оваа главно католичка земја секоја година привлекува илјадници туристи.

Распнувања се случуваат во провинцијата Пампанга.

Рубен Енаје (62), кој во текот на годините бил распнат повеќе од 30 пати, вели дека ќе се врати следната година ако го послужи здравјето.

„Се чувствувам добро, моите грижи исчезнаа, исто како и моите стравови“, вели Енаје, чии раце и стапала се покриени со завои откако го играше Исус Христос во селото Сан Педро.

Секоја година многу странски туристи доаѓаат да го видат настанот. Еден од нив е Милан Достал (43) од Чешка.

„За мене ова е исклучително искуство и можност да видам една навистина единствена традиција.

Го почитувам тоа, многу сум со отворен ум“, вели Достал.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП / Тед Алиби-Џам Ста Роса)

актуелно Господ Исус Христос ритуал традиција Филипини
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.