Во судар на патнички и товарен воз вчеравечер околу 19.20 часот на пругата кај Нови Сад, повредени се 24 лица меѓу кои и пет деца.
Сите повредени се пренесени во болница.
Во оваа железничка несреќа четворица задобиле тешки, додека останатите минале со полесни повреди.
Машиновозачот останал неповреден.
Пет деца се здобиле со повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
Во возот во моментот на несреќата се наоѓале меѓу 80 и 90 патници.







