Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Судењето за „ТНТ“ продолжува на 17 јануари
Судски процеси

Судењето за „ТНТ“ продолжува на 17 јануари

декември 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Судењето за случајот „ТНТ“ за уривањето на комплексот Космос на инвеститорот Фијат Цановски, ќе продолжи на 17 јануари 2020 година.

Претходно, Судот го отфрли барањето на Обвинителството за раздвојување на постапката против обвинетиот Тони Трајковски и членовите на Комисијата, како неоснован.

Трајковски не беше присутен на денешното судење, за кого неговиот бранител рече дека е хоспитализиран на Клиника за неврохирургија.

Судијата Огнен Ставрев информираше дека добил поднесок од адвокат Јовица Страшевски дека Тони Трајковски може да дојде на судењето евентуално денеска по 15 часот или утре.

Поради тоа, обвинителот Бурим Рустеми побара раздвојување на постапката.

„Во однос на новонастанатата ситуација сметам дека се исполнети услови за раздвојување на постапката за обвинетите Тони Трајковски и членовите на комисијата, со кои заедно ги сториле прекршувањата. Апсурдно би било да не се раздвои постапката и да се врати на почеток, кога истата се наоѓа во сосема крајна фаза и обвинетиот Миле Јанакиевски веќе има дадено исказ пред судот, рече Рустеми.

Бранителот на Миле Јанакиески, адвокатот Еленко Миланов, рече дека раздвојувањето со правната формулација што ја има во моментот не може да биде направена за неговиот клиент.

„Не може да има пресуда за поттикнување или помагање на дело без пресуда за сторителот, изјави Миланов.

Обвинетиот Миле Јанакиески рече дека ако само се бара неговата глава, нека се издвои постапката.

„Целта на судењето е да се дознае вистината. Ако Тони Трајковски, кој е оска на сите случувања, се издвои нема да се дознае вистината, рече Јанакиески.

Случајот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово.

Во судница беа присутни и оштетените Фијат Цановски и Ардијан Амзоски.

За делото се обвинети повеќе лица меѓу кои и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно јануари судење ТНТ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.