Еден полицаец во Хонгконг е погоден денеска со стрела кога полицијата употреби солзавец и водени топови во обид да ги растера демонстрантите кои го окупираа кампусот на Политехничкиот универзитет.
На фотографиите, објавени на Фејсбук страницата на полицијата, се гледа дека стрелата го пробола полицаецот во потколеницата, заради што, според информациите од надлежните служби, тој бил префрлен во болница.
Камионите со водени топови, во обид да се приближат на демонстрантите, преоѓаа преку цигли и други препреки кои тие ги поставиле на патот.
Учесниците на протестот времено се „засолнија“ во Универзитетот дури откако почнало да се затемнува, стравувајќи дека можат да се најдат во замка затоа што полицијата користела солзавец и им се приближувала од спротивната страна.
Политехничкиот универзитет во Хонгконг е еден од бројните универзитетски кампуси кои минатата денела беа користени како место за собирање на демонстрантите.
(Фото: АП)