Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СУДИРИ: Технолошките гиганти се селат од Британија во Европа
Анализи

СУДИРИ: Технолошките гиганти се селат од Британија во Европа

август 14, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Мајкрософт“, „Ватсап“ или „Амазон“ се заканија дека ќе ја напуштат Велика Британија откако во таа земја беа објавени прописи кои се, велат, многу контроверзни и се „иницијатор“ за заминување на овие технолошки гиганти.

Британските прописи, кои беа многу брзо смислени, а наскоро треба да стапат во сила, се нешто за што се загрижени големите компании.

Велика Британија сака да усвои Закон за безбедност на Интернет, кој ќе ги утврди правилата за работа и високите казни за фирмите во случај на кршење, и Законот за дигитални пазари.

Со оглед на тоа дека моќта би била во регулаторот кој ја надгледува пазарната конкуренција во Британија, технолошките компании веруваат дека ова е преголема слобода за едно тело и дека го загрозува нивниот бизнис.

Законот за безбедност на интернет, чие донесување беше најавено за наесен, пропишува строги правила за следење на содржините на социјалните мрежи со цел да се заштитат децата.

Прекршувањата подлежат на високи парични казни, како и затворски казни за поединечни технички менаџери, доколку компаниите не ги почитуваат правилата.

Една клаузула која се покажа особено контроверзна е предлогот шифрираните пораки, вклучувајќи ги оние испратени преку „Ватсап“, да може да се читаат и да се предадат на полицијата преку платформите на кои се испраќаат, доколку се смета дека претставуваат закана за националната безбедност или за заштита на децата од ризик.

Добротворна организација за деца ги опиша шифрираните апликации за размена на пораки како „прва линија“ каде што се споделуваат слики од злоупотреба на деца, но исто така се смета за клучна безбедносна алатка за активистите, новинарите и политичарите.

„Ватсап“, „Протон“ и „Сигнал“ се заканија дека ќе го напуштат британскиот пазарот токму поради ова барање од новиот закон.

Предлог-законот за дигитални пазари исто така минува низ парламентот.

Се предлага британскиот регулатор за заштита на конкуренцијата да ги издвои големите компании како „Амазон“ и „Мајкрософт“, да им даде правила што треба да ги следат и да ги казни ако не го прават тоа.

„Мајкрософт“ жестоко реагираше кога Управата за пазарна конкуренција одлучи да го блокира купувањето на гигантот на една видео игра („Activision Blizzard).

„Овде постои јасна порака – Европската унија е попривлечно место за започнување бизнис од Обединетото Кралство“, видно бесен изјави извршниот директор, Бред Смит.

актуелно Амазон безбедност ватсап Велика Британија закон Мајкрософт правила Сигнал
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.