Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Судот бара истрага за закани и притисоци во случајот „ТНТ“
Судски процеси

Судот бара истрага за закани и притисоци во случајот „ТНТ“

јануари 8, 2020Updated:јануари 8, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Основниот кривичен суд Скопје апелира до Адвотатската комора, МВР, но и Обвинителството да преземат соодветни мерки и да ги истражат елементите на закани и притисоци упатени кон судот и судијата – поротник, во однос на изјавите на дел од адвокатите во предметот на јавноста познат како „ТНТ“, а со цел да ја заштитат независноста и непристрасноста во судското постапување.

„Имено, зачудува фактот што јавните закани-притисоци се генерирани од поединци кои се странки во судска постапка. Изненадува нивниот неетички и непрофесионален однос кој е без почит кон судот и е надвор од надлежностите на еден адвокат-бранител на обвинет. Притисок/закана со поднесување на кривична пријава кон судски поротник, кој активно учествува во водењето на судската постапка и учествува во носењето на одлуката, е сериозен акт и класичен пример на атак врз независноста и непристрасноста на судското одлучување, дотолку повеќе што во конкретниов случај заканата е генерирана од адвокат кој е учесник во истиот судски предмет во кој постапува нападнатиот судија – поротник. Укажуваме дека, доколку странките имаат забелешки на работењето на судот, постојат правни лекови и законски инструменти со кои може да се побива судското постапување и судските постапки. Заканите и притисоците, особено во време на активна судска постапка, не смее и не може да биде опција во една демократска држава во која сите тежнееме кон владеење на правото, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Општо познато, стои во соопштението, е  дека обврска на судијата – поротник е да ја извршува својата функција се додека не биде разрешен од страна на Судскиот Совет на РСМ што е во согласност со Законот за судовите.

„Во тој правец е и досега воспоставената пракса за разрешување на судии и судии поротници создавана преку т.н. common sense и common low. Како суд укажуваме дека ќе инсистираме на судење во разумен рок, што е законска обврска, но  и интерес на обвинетите кои тежнеат да ја докажат својата невиност, како и на оштетените кои ги бараат своите права. Судењето во разумен рок е во интерес и на правната држава и владеењето на правото. Во правец на погоренаведеното е и Барањето да се продолжи мандатот на конкретниот судија поротник, бидејки нелогично е и неиздржано е поротник кој 2,5 години посветено учествувал во судската постапка, поротникот да се разреши поради протек на мандат, кое нешто би иницирало постапката да почне одново, се наведува во соопштението.

Од Судот, посочуваат дека, имајќи го предвид погоренаведеното очигледно е дека поединци/адвокати се вистински кочничари на оваа судска постапка, па дури во дадена ситуација може да се каже дека работат и спротивно на интересите на обвинетите.

„Во таа смисла судот го перцепира и инсистирањето на друг адвокат од истата постапка,  кој и  покрај фактот што тој лично во мноштво други судски постапки го користел исклучиво службениот јазик, чие активно користење е  услов за добивање на адвокатска лиценца, согласно Законот за адвокатура, во оваа постапка инсистира да го користи неговиот мајчин јазик кој дури ни неговиот клинет не го разбира. Било какви отстапки од ЗКП, кој го регулира користењето на јазиците во судската постапка, може да повлече низа на опструкции во сите останати судски предмети во државата што може да доведе до колапс на правосудниот систем, се вели во соопштението.

Обраќањето, стои во соопштенито од Основен кривичен суд, има една и единствена цел, а тоа е да се избегне вршење на опструкција во работата на судските предмети, кои се во завршна фаза и оневозможување да се одолговлечат судските постапки, во смисла на повторување или застарување на истите. Судот цени дека оваа пракса мора да престане и да се прекине, а цени дека на тој начин ќе се допринесе во реформирањето на судскиот систем.

Од Основниот кривичен суд, наведуваат дека соопштението ќе биде доставено и до сите институции – надлежни за заштита на судската независност и непристрасност, поради, како што се вели, се почестите и поинтензивни јавни изјави, а defacto закани и притисоци, кои судија-поротник од Основниот кривичен суд ги добива од адвокати-странки во судска постапка.

 

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно закани истрага кривичен суд ТНТ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.