Меѓународниот суд во Стразбур заклучи дека поднесувачот на барањето Душан Улемек во одредени периоди при издржување на казна на располагање имал помалку од три „квадрати“ личен простор, јави Хина.
Агенцијата потсети, исто така, дека загриженост за условите за престој во затворот во Загреб во своите извештаи изразиле и хрватскиот Уставен суд, но и јавниот правобранител и Европскиот одбор за спречување на мачења и нечовечки или понижувачки постапувања или казнувања.
За утврдената повреда судот на поднесувачот му досуди износ од илјада евра на име на неименувана штета како и 2.890 евра за трошоци во постапката.
Оваа пресуда уште не е конечна, а тоа ќе стане ако ниедна страна во постапката во рок од три месеци од денот на објавата на пресудата не поднесе барање за нејзино преиспитување пред Големиот совет.
Адвокатот на Улемек, Лидија Хорват, во изјава за Хина, рече дека пресудата е од голема важност затоа што само нејзината канцеларија пред домашните судови заради условите во затворите има околу двеста тужби. Тужби, додаде таа, поднеле и многу други адвокати, но и затвореници индивидуално.
Хорват потсетува дека хрватскиот Уставен суд уште во одлуката од март 2009 година и наложи на Владата во примерен рок, не подолг од пет години, да ги прилагоди капацитети на затворите во Загреб на потребите за сместување на лица лишени од слобода, но дека до денешен ден, ни по полни 10 години, по наведената одлука не е постапено.







