Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Судот го одби барањето на обвинетите за запирање на постапката за „Титаник“
Судски процеси

Судот го одби барањето на обвинетите за запирање на постапката за „Титаник“

септември 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со читање на предложените докази од СЈО, а сега преземени од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска продолжи судењето за предметот „Титаник“, кој се наоѓа во доказна постапка.

Рочиштето почна со читање на 4.851 доказ од околу 5.900.

Предметот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Пред почетокот на расправата адвокатот Еленко Миланов рече дека овластувањето на обвинителката Стефанова е спротивно на законот за Јавно обвинителство.

Според него, иако за Стефанова нема податок каде ја извршува својата функција таа е вратена во ОЈО Радовиш.

Тој смета дека републичкиот јавен обвинител немал право да го овласти обвинителот од ОЈО Радовиш бидејќи според правната квалификација на предметот може да го застапува само обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Осомничениот Илија Димовски постави прашање до судот кој е правниот основ за превземање на предметот од страна на ОЈО и дали обвинетите имаат право на такви информации и побара увид во писмото на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева за предавање на предметите на републичкиот обвинител Јовески.

Тој побара увид и во документот да видат каде е заснован работниот однос во овој момент на обвинителката Стефанова.

Димовски побара запирање на постапката до добивање одговор на поставените прашања.

Адвокатот Боро Тасев рече дека се заборава дека во законот за СЈО се ставени гаранции за неговата автономност и независност и тој закон се уште е во сила.

Со преземање на предметите од друго обвинителство овие силни гаранции се бришат.

Тие гаранции беа за спречување на влијание врз обвинителството и предметите.

Со бришење на тие гаранции ќе се наруши принципот на правичност и фер судење, рече Тасев и побара одложување на рочиштата до разрешување на дилемите.

Обвинителката Стефанова рече дека нејзиното присуство денеска го поткрепила со овластување кое го доставила.

Судот ги одби сите предлозите на одбраната и обвинетите и предлогот на адвокатот Боро Тасевски.

Според судијата Шабани обвинителката доставила уредно овластување и може да продолжи со предметот.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ се обвинети и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се обвинети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

актуелно барање Обвинети суд титаник
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.