Првообвинетиот за грабежот во Тутунска банка Бобан Смилевски доби затворска казна од девет години и два месеци, а неговиот брат Горан Смилевски е осуден на шест и пол години затвор, според пресудата која беше соопштена денеска во Кривичниот суд.
Борис Мичевски, кој наводно ги транспортирал украдените пари според обвинението, доби казна од пет години и два месеци. Трезористот Мирослав Каевски, пак, доби условна казна затвор од две години.
Според образложението на судот, пресудата е донесена врз основа на признанието на обвинетите, а висината на казните се должи на фактот што обвинетите не откриле каде се украдените пари.
Тројцата првообвинети се задолжени и да ја надоместот штетата на Тутунска банка, во рок од една година на правосилноста на пресудата.
обвинетите остануваат во притвор до правосилност на пресудата, одбиени се барањата на адвокатите тие да се бранат од слобода, или да бидат во куќен притвор.







