Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СЦЕНА КОЈА ГИ КРШИ СРЦАТА: „Под урнатините се бореше за живот, а роди дете…“
СВЕТ

СЦЕНА КОЈА ГИ КРШИ СРЦАТА: „Под урнатините се бореше за живот, а роди дете…“

февруари 8, 2023Updated:февруари 8, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во урнатините на куќа во Јандаирис, Сирија, место тешко погодено од катастрофалниот земјотрес во понеделникот, спасувачите пронајдоа живо, новородено бебе кое сè уште било поврзано со папочната врвца со својата мајка, која не преживеала.

Девојчето е единственото преживеано од семејство чии членови загинаа во уривање на четирикатница.

Во тоа село на границата со Турција, спасувачите ги извлекле телата на нејзиниот татко Абдула Млеихан, мајката Афра, трите сестри, братот и тетката.

„Трагавме по Абу Рудајна (прекарот на Абдула) и неговото семејство. Прво ја најдовме неговата сестра, потоа неговата сопруга и него, тие беа еден до друг“, изјави вчера за АФП членот на тоа семејство Халил Савади, кој беше во шок.

„Потоа слушнавме глас додека копавме (…) и набрзо ја најдовме малечката, фала му на Бога“, рече тој.

Детето со папочната врвца се уште било поврзано со мајката.

„Ја пресековме и братучед ми го однесе бебето во болница“, додаде Халил Савади.

На видео кое кружи на социјалните мрежи, се гледа како маж крева дете во раце среде урнатините, целосно голо, правливо и со папочна врвца која виси надолу.

Спасувачите веднаш го завиткале детето бидејќи температурата била околу нулата и го пренеле во болницата во блискиот Африн.

Додека се чека идентификацијата на останатите членови на семејството, Халил Савади ги изговара нивните имиња.

„Не избркаа од Деир Езор, Абдула е мој зет, оженет сум со неговата сестра“, рече.

Семејството побегна од нестабилната провинција Деир Езор на исток, мислејќи дека ќе бидат побезбедни во Џандаирис, село контролирано од турските сили и протурските бунтовнички групи од 2018 година.

Околу 50 куќи се урнаа во тоа место во северозападна Сирија, релативно блиску до епицентарот на земјотресот во Турција, јави репортер на АФП од местото на настанот.

Повеќе од 9.000 луѓе загинаа во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија.Само во подрачјето надвор од контролата на сирискиот режим, каде помошта е тешко достапна, во моментов има околу 800 загинати.

„Белите шлемови“, спасувачи кои работат во таа област, велат дека повеќе од 200 згради се урнати до темел.

Таа група вчера ги повика меѓународните хуманитарни организации да помогнат во настраданото и запуштеното подрачје.

„Нема многу време. Стотици луѓе сè уште лежат под урнатините“, истакнаа од групата.

 

ЗРАК НА НАДЕЖ: Млад пар од Сараево сака да го посвоиме бебето

Откако потресните фотографии и видеото од спасеното новороденче под урнатините во Сирија го обиколија светот, се јави млада брачна двојка од Сараево и рекоа дека би сакале да го посвојат девојчето кое остана без сите нејзини најблиски роднини во разорниот земјотрес.

Брачниот пар од Сараево се јавил на порталот „Дневни аваз“.

„Ве молиме помогнете ни да дојдеме до ова дете и да му дадеме бескрајна љубов и утеха.

Објавете ја веста за да се знае дека во Сараево има двајца млади луѓе кои моментално немаат свои деца, а кои би сакале да го посвојат ова бебе и да му ја дадат сета можна љубов на светот“, изјавила младата жена со плачлив глас.

Новороденчето кое беше пронајдено сè уште приврзано за мајка си со папочната врвца и извлечено живо од урнатините на куќа во северна Сирија по смртоносниот земјотрес, моментално е под грижа на лекарите на детската клиниката во Африн.

„Бебето сега е стабилно. По телото има неколку модринки и гребаници, а пристигна сериозно смрзнато, па го загреавме и му дадовме калциум“, изјави за медиумите педијатарот Хани Мааруф.

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Твитер и АФП)

 

актуелно земјотрес Сараево сирија турција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.